Дали и ТИ во животот се соочуваш со некоја од дилемите:
Како да им пружам најдобро школување на моите деца? Како да бидам сигурен дека нема да бидам на работ на егзистенција во староста? Ако ми требаат пари за лекување, како ќе се снајдам?
Кој е најдобриот начин да ги згрижите и обезбедите оние кои ви се најважни?
Инвестирајте и штедете долгорочно, паметно и со најмал ризик. Договарањето на полиса за животно осигурување е една од најдобрите инвестиции за вашата и иднината на оние за кои најмогу се грижите, па затоа најдобра опција е да се консултирате за тоа со некој кој ќе може да ве посоветува и да ви ги разјасни сите прашања и дилеми.
Мешовито животно осигурување
Мешовитото животно осигурување е најбараниот тип на договор кој во себе содржи две основни компоненти – штедење и осигурување.
Во речникот на Осигурителните компании постои термин доживување, кој го означува моментот кога осигуреникот ќе го доживее крајот на договорениот период за животно осигурување. Во тој случај, осигуреникот има право на одреден паричен износ.
Поплави, како да се заштитиме од последиците »
Мешовитото животно осигурување се договара на подолг временски период, а најчесто помеѓу 20 и 30 години. При договарањето, се одредува Осигурана сума која корисниците на осигурувањето ќе ја добијат како финасиска надохнада во случај на смрт на осигуреникот. Истата сума, надополнета со добивката, осигуреникот ќе може да ја подигне и на крајот на штедењето. Имено, осигуреникот има право на одреден дел од добивката која Осигурителната компанија ја остварува на годишно ниво, инвестирајќи ги парите кои тој ги уплаќа и штеди. Процентот на учество во добивката зависи од неколку фактори, како колку средства уплатува клиентот на годишно ниво, колку години е траењето на договорот, итн …
Освен штедната компонента, суштествен дел на животното осигурување е и осигурување на животот. Едноставно, во случај на смрт на осигуреникот, особите кои се наведени како корисници на осигурувањето добиваат одредена парична надохнада – Осигурана сума. Коросник на полисата за животно осигурување може да биде било кој – децата, роднини, сопружници или пријатели. Износот кој ќе се добие во случај на смрт на осигуреникот се договара на почетокот на осигурувањето и зависи од висината на премијата, возраста на осигуреникот, неговата здравствена состојба, работата со која се занимава како и од должината на траење на договорот за осигурување. Логично, ризичните професии како пожарникари, војници и полицајци, како и постарите особи, ќе бидат осигурани на пониски суми во однос на некој помлад или некој кој се занимава со неризична професија.
Како да обезбедиме сигурна иднина за нашите најмили »
Дополнително, некои мешовити животни осигурувања вклучуваат и осигиривање од тешка болест, односно на осигуреникот му следува надохнада ако за времетраење на договорот му биде дијагностицирана некоја тешка болест (карцином, срцев удар, мозочен удар, … ), неповратни средства кои осигуреникот може да ги искористи за лекување. Бидејќи здравјето на децата е несомнено повредно од се, некои Осигурителни компании без доплата, преку договорот на родителот ги вклучуваат и малолетните деца во семејтвото со осигурително покритие во случај на потреба од лекување од некоја тешка болест.
Дополнителни осигурувања
Секако, какво животно осигурување би било тоа каде не би постоела можност за осигиривање од последици на повреди, во случај на настанување на траен инвалидитет или губење на работна способност. Овие дополнителни осигурувања можат да се склучат во склоп на договорот за животно осигурување, а обезбедуваат претходно утврдени парични надохнади на осигуреникот. Така да речеме осигуреникот добива надохнада за секој ден кој го одлежал во болница, врз основа на повредата, како и процентуална надохнада спрема тежината на повредата и последиците кои таа ги направила (траен инвалидитет).
Пред него што кажете дека веќе имате премногу трошоци и дека не можете да си дозволите таков „луксуз“ како што е животно осигурување, имајте во предвид дека кај нас можат да се најдат полиси за основно животно осигурување од само 1.300 денари на месечно ниво, што сведено на дневна основа е нешто повеќе од 40 денари. Начинот на плаќање го одбирате како на вас ви одговара – годишно, полугодишно…
Не, нема време за чекање. Време е да го осигурате животот »
За тие вложени средства секако дека не можеме да очекуваме да им ги решиме сите проблеми на наследниците (корисниците), но сигурно е дека можеме да ги обезбедиме со одредена парична надохнада која во даден момент ќе има огромно значење за намалување на нивните финансиски проблеми. Само за пример, во случај на смрт како последица од несреќен случај, корисниците ќе добијат двократно или трократно зголемена осигурана сума.
За дополнителни информации во оваа проблематика како и одговори на ваши прашања, можете да се обратите до Јасминка Стојановска, Лиценциран застапник за Осигурување
Тел: 076/ 317-930
Mail: all_insurance@t.mk