Оваа сезона конечно фармерки и за оние со малку покрупно тело …
Bershka 1.790,00 MKD
Како ни се приближува новата есенска сезона очекувајте и нови модели на фармерки кои ќе им ласкаат на девојките кои се со малку пошироки нозе, а потенки во половината. Да, девојките со ваквата градба имаат сериозни проблеми со трендовите кои беа на пиедесталот во последните неколку сезони, а кои подразбираат претесни ногавици и спуштен струк. Овие фармерки беа вистинска ноќна мора и за оние со вишок во пределот на половината и стомакот, но конечно на овие тегоби им доаѓа крајот. Оваа сезона во мода ќе бидат моделите со висок струк кои беа присутни и во претходните сезони, но не во оваа метра, и кои стојат убаво речиси на секоја дама. Тука се и широките „baggy“ и полушироките модели, потоа ѕвонарките кои го издолжуваат нозете на оние со пополни бутини (особено потемните нијанси), како и кратките – ѕвонарки, додека претесните ногавици конечно паѓаат во заборав.
Bershka 1.790,00 MKD
Кликнете тука или на линкот што следува на крајот од овој текст и отворете ја галеријата во која ќе ги видите моделите на фармерки кои ќе бидат хит оваа сезона >>>
J Brand
M.I.H. Jeans
Премини на следната страна >>>