Реклама
Дом и семејство

Поплави, како да се заштитиме од последиците?

Реклама

Сеуште се бориме со последиците од поплавата во Скопје. Но чувството дека оваа природна катастрофа веќе неколку години наназад редовно се случува, наметнува уште поголема одговорност да се припремиме и обезбедиме од несакани последици. 

Поплави, како да се заштитиме од последиците?

Маркетинг

Осигурување на Живот

Животното осигурување нуди обештетување на семејството на осигуреното лице во ситуација да истото го загуби својот живот за времетраење на договорот. Ако тоа се случи како последица на некоја временска непогода, тоа од страна на Осигурителните компании се карактеризира како насилна смрт. Во овој случај следува обештетување кон семејството во износ од двократно или трократно зголемена Осигурена сума (двократна или трократна исплата на сумата на која е осигуран починатиот носител на полиста).

Маркетинг

Не, нема време за чекање. Време е да го осигурате животот »

Ако носителот на полисата за животно осигурување има склучено и дополнително осигурување од незгода, а при непогодата е повреден (не починат), има право на обештетување соодветно на тежината на повредата.

Осигурување од незгода (неживотно осигурување)

Лицата кои склучиле полиса за осигурување од незгода (индивидуална, семејна), се обезбедиле со покритие за два настанати осигурани случаи – повреда и смрт. Доколку како последица од временска непогода е нанесена телесна повреда на лицето кој е носител на осигурувањето, истото има право да побара обештетување од Осигурителната компанија за повредата. Дополнително, семејствата во кои се загубени човечки животи на лица носители на ваков тип осигурување, имаат основ за наплата на штета преку ова осигурување.

Осигурување на домаќинство

Најчесто, Осигурителните компании во основните полиси за домаќинско осигурување НЕ го вклучуваат ризикот од временска непогода. Тоа значи дека ако сакате вашиот стан/ куќа да го осигурате од поплава, тоа мора да го вклучите како ДОПОЛНИТЕЛНО осигурување при договарањето на полисата за осигурување на вашиот стан/ куќа. Доплатата не е фиксна и зависи од категоријата на ризик на вашиот дом, типот и големината на истиот.

Осигурување од автомобилска одговорност (АО)

АО е задолжителен тип на осигурување за секое возило во сообраќајот. Ова осигурување покрива штети кон трети лица, а настанати како последица од сообраќајна незгода причинета од страна на лицето кое управува со осигуреното возило. Тоа значи дека овој тип на осигурување НЕ покрива штети предизвикани од временски непогоди. Ако сакаме да го обезбедиме нашиот автомобил и од ваков ризик, мораме да направиме каско осигурување.

Земјоделско осигурување

Ова осигурување на земјоделски посеви, во основните ризици вклучува покритие на штета по основ на град, пожар и гром. Поплавата може да се вклучи како ДОПОЛНИТЕЛНО осигурување.

Како да обезбедиме сигурна иднина за нашите најмили »

Земјоделското осигурување за добиток исто така носи основа за исплата на штета при угинување на животни како последица од временски непогоди.

За дополнителни информации во оваа проблематика како и одговори на ваши прашања, можете да се обратите до Јасминка Стојановска, Лиценциран застапник за Осигурување

Тел: 076/ 317-930
Mail: all_insurance@t.mk

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button