И Северина како и најпознатите трендсетерки ги обожава овие маици – еве како да ги носите
Тренд кој ги освои најпознатите ИТ девојки
Оваа сезона ретро трендовите дефинитивно го имаат главниот збор, па навистина ни е тешко со 100 % сигурност да кажеме кои трендови се нови, а кои само се носат на малку поинаков начин. Еден таков тренд се секако и „бенд маиците“ кои некогаш беа наменети само за најголемите фанови на одредени бендови и љубителки на гранч стилот, додека денес можеме да ги видиме како ги фураат речиси сите познати трендсетерки.
Но за разлика од некогаш, овие маици денес можете да ги носите во најразлични изданија, од секојдневните кежуал стајлинзи, па се до сексапилни комбинации со кратки шорцеви и неодоливи високи потпетици. И ако некогаш „бенд маиците“ означуваа на кој бенд сте фанови, денес тие означуваат дека сте девојка од стил.
види повеќе » |