Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот 15-21 август, 2016! Дознајте какви убави изненадувања ве чекаат

Реклама

„Се будам исполнета со вас. Вашиот лик и сеќавањата на опојните задоволства минатата ноќ не ги оставаат на мира моите сетила.“ Еве што му пишала Џозефина де Боарне, прва царица на Франција, кралица на Италија и правата жена на францускиот император Наполеон I, после првата ноќ помината со него.

nedelen15avg prva

Aктерката Мерл Оберон како Жозефина во филмот Desiree

Маркетинг

 

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела ќе бидете во можност да решите емоционални проблеми, недоразбирања или сомневања што во последно време ви создаваат непријатност во вашата романтична врска. Ќе сфатите нечии обиди да создаде интрига за вашата љубов и дека зад тоа стојат користољубиви мотиви. Неочекувано добра вест или покана од друго место/земја. Некои од вас ќе одат на неочекувано патување и тоа ќе биде многу пријатна прилика. Можно патување поврзано со успех или важен состанок. Пред вас е поволна седмица за решавање финансиски прашања, готовински плаќања и обврски. Добра среќа е дефинитивно можна. Ќе добивате пари лесно и без многу напор од ваша страна. Добри финансиски односи ќе бидат важни со лица во знакот на Овен, Лав или Стрелец.

БИК (21 април – 20 мај)

Важен настан поврзан со машко лице од семејството, можно во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Ќе добиете информации важни за вас или семејството, кои ќе дојдат преку посета или разговор со машко лице. Вести поврзани со дете. Претстојат неколку интересни недели (почнувајќи од оваа) за младите родители-Бик. Очекувајте изненадување што, всушност, ќе се реализираат во 2017 година. Сега ќе бидете само ’информирани’ за тоа. Седмица во која ќе најдете решение за некоја комплексна ситуација или личен проблем. Можеби работите се движат побавно отколку што сакате, но важно е дека за секој проблем ќе има одлука, исход. Конфликтите може да помогнат, но само ако се во форма на разумен спор. Инаку, никој нема да победи.

Најголемиот сладок ’грев’ летово: Како НЕМУ да му приредите најдобро задоволство?

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Оваа недела очекувајте пари или финансиски документ од институција, како заем, или во врска со некоја инвестиција, плаќање, субвенции, бонуси и друго. Ви претстојат многу контакти со луѓе важни за вас, и лично и професионално. Посебна улога во вашиот живот ќе имаат машки лица во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Ќе се потпрете на помошта или ветувањето што ќе ја добиете од татко, свекор, дедо, сопруг, брат… Бесмислени или премногу емотивни, претерано агресивни конфликти може да го одложат или да го комплицираат развојот на некои ваши очекувања и планови. Дадено ви е да поминете низ некои проблеми за да научите животна лекција од нив. Не обвинувајте ги другите или не барајте виновник во некој друг, туку анализирајте се себе си.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Оваа недела единствените сериозни облаци ќе се случат во личниот и професионалниот живот на машко лице кое го познавате. Можно е вашите нереализирани очекувања за таквото лице да ве натажат и да ви ја одземат надежта за нешто подобро. Оваа недела ќе ве воодушеви со вести или телефонски повик/покана од личност во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Претстојните средби и разговори ќе бидат важни и корисни. Ќе акумулирате информации во текот на оваа недела и во нив ќе најдете нешто важно, нешто што ви е потребно да реализирате важна промена, план или идеја сега. 

Кои хороскопски знаци се (нај)верни, а кои неверни?

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Оваа недела е можно некој да го напушти вашиот дом за извесно време и без оглед на причината, резултатот ќе биде успех/напредок. Може накратко да се загрижите во врска со настани поврзани со лице во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Ќе добиете помош или корисни совети од лице во знакот на Девица, Јарец или Бик. Проблеми поврзани со пари или емоционална загуба на можни ресурси за девојки и млади жени-Лав. Генерално, оваа недела може да биде многу интересна за Лавовите. Настаните надвор од вашиот дом ќе се одразат изненадувачки позитивно врз семејството.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Оваа недела ќе доживеете интересни случувања поврзани со девојка или жена од вашето семејство. Веројатно ќе решите чувствителна или нејасна ситуацијата околу неа, ќе донесете судбоносна одлука или ќе излезете од тежок период. Добри вести ќе добиете за идно мајчинството, раѓање на женско бебе. Непријатен момент може да се случи поради момче или млад човек, најверојатно, во знакот на Бик, Девица или Јарец. Освен тоа, вината ќе биде префрлена на некој близок на него, но тој ќе мора да плати за проблемот/ситуацијата. Ќе имате тешки односи со вашиот татко, дедо, брат или вујко. Можно е да има противење за различни семејни или лични проблеми. Мажите-Девица ќе бидат понервозни оваа недела, а понекогаш и тие самите ќе предизвикаат конфликти, ќе се вклучат во акти на каприц, или ќе покажат недостаток на толеранција и трпение.

КАКВИ СТЕ ВО ЉУБОВТА: Рибите нежни, а Шкорпиите жив оган

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button