ЗОШТО ОЧАЈНО ВЕ ПОСАКУВААТ? Некои од вас се мајстори в кревет, а некои мајстори за флерт!
Што е тоа поради што луѓето не може да го заборават сексот со вас?
Па, не е сè е до вас, има нешто и во ѕвездите.
ОВЕН (21 март – 20 април)
Иако делувате круто, мајстор сте во флертувањето и знаете како само со едно замавнување на косата, пропратено со вистински поглед, да го наведете машкото очајнички да ве посака. Во сексот не се колебате, туку ако сакате нешто, тогаш ќе се потрудите тоа и да го остварите. Освен тоа, не се плашите да го направите првиот чекор.
БИК (21 април – 20 мај)
Биковите се бавни, но со малку пракса ќе научите што вашиот партнер сака и ќе дадете сé од себе тоа секој пат да му приуштите. Вистинскиот Бик презира секс на брзина, бидејќи сé што работи, работи методично. Обожува да ги испробува позите од Кама Сутра и, кога ќе ве дофати под свое, ќе заборавите на сите претходни искуства.
Најголемиот сладок ’грев’ летово: Како НЕМУ да му приредите најдобро задоволство?
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Близнаци зрачат сексуална енергија и секогаш го привлекуваат вниманието на луѓето од нивната околина. Вам комуникацијата е клучна, дури и кога станува збор за сексот, па се трудите да бидете што погласни. Никој не умее да изговара ’валкани нешта’ како вие, а кога конечно ќе најдете некој со слична енергија, ќе му останете верни до крај.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Ракот дури и во сексот гледа можност уште подлабоко да се поврзе со партнерот. Заведувате со комплименти и длабоки мисли, а и во креветот сте подеднакво внимателни, па целосно ќе му се посветите на задоволството на партнерот, дури и ако тоа ве исклучува вас.
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Малку се толку возбудливи моменти како што е сексот со Лав. Затоа, сите сакаат да завршат во вашиот кревет. Давате сè од себе, и во сериозна врска, и во врска за една ноќ.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Имате методолошки пристап за сè, па и за сексот. Така, уште пред првиот љубовен однос сте проучиле томови и томови книги за анатомија за да знаете точно што доведува до најголема сласт, а потоа сето тоа сте го поткрепиле со искуството во пракса. Ги фаќате сите суптилни знаци на партнерот и умеете да сфатите што му годи, дури и кога се срами тоа отворено да го каже.
КАКВИ СТЕ ВО ЉУБОВТА: Рибите нежни, а Шкорпиите жив оган
Премини на следната страна >>