Трендови

Кратките маички се MUST-HAVE за оваа сезона. Еве како да ги носите

Advertisement

Кратките маици или популарните crop top се еден од најбараните трендови особено меѓу познатите трендстерки и ИТ девојки.

Advertisement

Многу познати дами го обожаваат овој тренд, и покрај тоа што е по малку проблематичен, односно кога се кратките маици во прашање најчесто се мисли дека можат да ги фураат само оние со рамен стомак и совршени стомачни мускули. Но, дали е така? Од галеријата ќе видите дека ова парче им стои подеднакво добро на сите дами, без разлика на килограмите и висината, а се што треба да направите е да го искомбинирате на вистинскиот начин.

Па, погледнете ги фотографиите што следуваат и пронајдете ја вашата совршена комбинација, а потоа отворете ја и нашата ексклузивна галерија и погледнете ги најубавите кратки маички од познатите комерцијални брендови.

Advertisement

Младата риалити ѕвезда Кајли Џенер во бело од глава до пети. Таа со оваа комбинација ни покажа сосема нов начин како да носиме беспрекорно скроен женски костум. Откопчајте го сакото и под него облечете кратка маица. Фантастично!

И најпознатата Албанка на светот, Рит Ора, носеше кратка маица во вид на ролка од трикотажа. Овие маички се совршени за пониски температури, па нема да погрешите доколку го набавите за преодниот или за есенскиот период.

Бела кратка маица и црни фармерки со висок струк – генијално! Доколку не сакате да експериментирате, ова е совршено и за вас.

Погледнете како го фураат овој тренд и другите девојки, но и најубавите парчињи од овој тренд од познатите комерцијални брендови во Македонија.

Премини на следната страна >>>>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button