Сите знаеме дека да се биде лудо заљубен не мора да значи дека ќе се живее среќно заедно засекогаш. Љубовната возбуда не секогаш оди рака под рака со долгорочна посветеност и, често, најдобрите момчиња или девојка се, всушност, најлош вид брачен материјал.
Вистината е дека некои хороскопски знаци се поподобни да ‘рипнат во тавче’, додека други може да бидат подобри за брзо ‘фаќање магла’. Многу, сепак, зависи,и од тоа како вие гледате на бракот!
Кои знаци кои се најповолни за ‘припитомување’?
Ако сте во потрага за живот во домашно блаженство, во пријатно гнездо со “рози околу вратата” – со неколку деца – тогаш е јасно дека ви треба партнер кој е домашен тип. Во овој случај, знакот Рак, кој е вљубен во семејството, веројатно е најдобар избор. Обично, овие лица се одлични готвачи, добри да направат топло катче од домот, а бидејќи навистина сакаат деца, имаат тенденција да се претворат и во одлични родители. Сигурно ќе имате чист и уреден дом доколку се венчате со Девица. Овој знак обично нема проблем да се справува со домашните обврски, да ужива во активностите од типот ‘направи сам’ и во градинарството – и без разлика колку и да се жали поради вашата неуредност – таа е тивко најсреќна кога го расчистува хаосот зад вас. Тоа е знак кој може да ве излуди со неговата уредност во домот и, како и Ракот, и тој станува прилично невротичен кога е под стрес.
Кои знаци се најдобри ‘хранители’?
Ако, од друга страна, гледате на бракот како средство за подобрување на вашиот материјален статус (и да не заборавиме дека во најстари времиња ова било главната мотивација за барање партнер), ќе ви треба некој кој е добар да заработува пари и кои сака да се искачи во светот. Во тој случај, не гледајте друг, освен Јарец или Бик. И двата се знака добро го снабдуваат домаќинството со сè што е потребно, иако Јарецот има тенденција да ја стави својата кариера на прво место, односно пред времето што планирате да бидете сами.
Брачниот другар во знакот на Лав или Шкорпија, исто така може да ви помогне да си ги исполните амбиции во животот, бидејќи се крајно лојални и сигурни партнери, но можеби ќе треба да прифатите дека тие секогаш ќе бидат ‘оние главните’. И двата ‘фиксни’ знаци имаат тенденција да бидат прилично нефлексибилни и контролирачки, а може да биде тешко да се живее со нив ако им го ускратите нивниот начин. Доколку преферирате вашиот брак повеќе да биде партнерството на еднакви, тогаш зошто да не се обидете со лесно убедливата Вага наместо со нив?
Кои знаци се најдобри за долгорочна романса?
Вагата, знакот кој владее со романтичното партнерство, е сосема природна идеја на многу луѓе за совршен брачен материјал и точно е дека неговата желба да дава и зема и да се однесува кон својата подобра половина прилично правично го прави идеален ‘улов’ за брак. Бидејќи врските секогаш имаат приоритет во животот на Вагата, доколку се омажите за еден од нив, обично, може да бидете сигурни дека ќе ве стави во прв план. Знаејќи го ова, ако повеќе сакате доминантен партнер, понекогаш ќе заклучите дека Вагата и не е толку силна. Истото важи и за Рибите, знакот кој има тенденција да биде потчинет по природа, често живее со главата во облаци и ќе му биде тешко да се справи со одговорностите. Навистина, никогаш нема да ви недостига малку романтика, љубов и емоционална поддршка ако се венчате за Риба. Сепак, доколку сакате некој да се грижи за сите практични нешта и да ги донесува сите тешки одлуки во бракот, може да се разочарате. Голема е веројатноста дека тој ќе легне на вашите раменици.
Кои се најзабавни брачни партнери?
Други знаци со помала веројатност да бидат добар брачен материјал се оние кај кои личната слобода и индивидуалноста имаат тенденција да бидат пред заедничкиот живот и работа како тим. Овенот, Лавот, Стрелецот и Водолијата, на пример, често се премногу независни и немирни да ги прифатат компромисите што бракот ги носи. Сепак, иронично, како и Рибите, и тие се меѓу најбараните момчиња/моми, бидејќи се толку забавни и убаво е да се биде во нивно друштво.
Ако сепак стапите во брак со еден од овие хороскопски знаци, сигурно ќе ги намалите шансите вашиот брак да се влоши поради здодевна досада штом првата вљубеност е минато. На позитивната страна, пак, брак со еден од овие знаци може да се претвори во вечна љубовна врска; на негативната страна, тие не можат да ви го овозможат тоа ниво на посветеност и зависност што вам ви се можеби потребни.
© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka