Познатите ИТ девојки полудеа по овој фустан!
Станува збор за мал црн или тегет фустан, со отворен грби и многу мали бели ѕвездички расфрлани низ целиот лелеав крој. Фустанот истовремено изгледа и романтично и секси, па воопшто не треба да не чуди што многу познати модни блогерки и трендсетерки веќе го имаат овој модел во своите плакари.
И Роузи Хантингтон-Вајтли го обожава овој фустан …
Можеби најдобрата карактеристика на овој симпатичен фустан е неговата цена која воопшто не е висока кога ќе ги земеме во предвид сите негови претходни карактеристики. Тој е совршен избор за преодниот период, а детаљот со голиот грб и по малку напумпаните ¾ ракави ќе допринесат да изгледате неодоливо и посебно секси.
Па, дали ви се допаѓа овој модел? Истиот можете да го набавите од онлајн продавницата „ Realisationpar“ по цена од 195 долари.