Реклама
Трендови

Новите чизми до глужд кои им се омилени на познатите манекенки – дали ви се допаѓаат?

Реклама

Новите чизми до глужд кои преку ноќ станаа вистински хит!

Можеби неговата облека не ја носи никој освен неговата сопруга, но чизмите со неговиот потпис дефинитивно станаа вистински хит во светот на најпознатите трендсетерки. Нив ги обожаваат Кендал Џенер, Хејли Болдвин и Емили Ратајковски, а бидејќи станува збор за модни икони, прашање е само на време кога овие чизми ќе станат водечки хит оваа сезона.

Маркетинг

Погодувате за кого станува збор? Да, тесните чизми се со потписот на „Yeezy“, бренд зад кој стои сопругот на Ким Кардашијан, Канје Вест. Тој веќе со години се обидува да се пробие во светот на модата, а со овој модел портите му се отвораат широко.

Маркетинг

Но зошто овие чизми се посебни?

Покрај фактот дека се дело на Канје (нешто поради кое сигурно нема да паднете од столчето), тука е и нивниот елегантен и по малку спортски дизајн, како и нежниот свиленкаст изглед и речиси сатенски материјал кој се прелева под светлината, но и богатата палета со тренди загасити бои кои можете да ги носите речиси со сите комбинации и стилови.

А тоа е веќе нешто друго, нели? Како и да е, ние сме и повеќе од сигурни дека овој неодолив модел ќе го пронајде својот пат до бројни обожаватели, а меѓу нив најпопуларни ќе бидат оние во маслинесто зелена и сивкаста боја.

Што мислите вие? Дали ви се допаѓаат?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button