Ова е период кога омилена облека и обувки ни се оние најпрозрачните…
Но, што се случува со нашата шминка?
Дали веќе ги ставивте на дофат на вашите прстиња и ги користите шминките кои се погодни за овој период од годината или се уште се шминката онака механички, по навика, како што го правевте тоа и претходно кога одевте на работа или на излегување во град? И дали ви се случува да зажалите затоа што шминката поради превисоките температури се разлеала низ вашето лице? Па доколку и вие го имате овој мал проблем, можеби е крајно време да прочитате нешто за основите за летното шминкање, како и да научите некој нов трик со кој вашата кожа ќе изгледа здраво, а вашето лице прозрачно, убаво и негувано.
Наш прв совет за преку лето е да не користите тешка пудра. Тешката шминка не само што се топи и тешко се одржува преку летниот период, туку и на вашето лице му е потребна свежина и одмор. Ние ви предлагаме да ја пробате течната мат пудра Matt Plus Liquid Foundation од Seventeen која е совршен избор за комбинирана и мрсна кожа. Таа е покривна, долготрајна, со мат ефект и не содржи парабени. Со неа ќе имате чувство на свежина на лицето во текот на целиот ден, а токму тоа ни треба посебно за преку петниот период, нели?
Што се однесува пак до позитивното расположение можете да допринесете со свежите и веселите летни бои на сенки, кармини, сјаеви и лакови (види тука). Покрај ова, must-have производи кои не смеете да ги прескокнете во летните месеци се и лесните хидрантни креми, но и квалитетните креми со заштитен фактор SPF (од 30 до 50), потоа бронзер кој одговара на вашиот тен (види тука), моливче за очи, маскара во боја…
{youtube}2r2PPXWey3A{/youtube}
Наш предлог за овој месец е шминката Spectacular од новиот каталог на познатиот козметички бренд SEVENTEEN. Станува збор за неодолива шминка која на убавината и дава ново значење, а како најлесно да ја направите можете да видите во видеото на нашата позната бјути блогерка Алек Потер. Ако сакате детално да се запознаете со шминките што ги користи таа во видеото, побарајте повеќе информации во каталогот тука.
види повеќе » |