Реклама
Шминка

Ги избравме најдобрите козметички производи кои морате да ги пробате ова лето

Реклама

Секоја летна сезона со задоволство го полниме нашиот несесер за шминки со производи кои се совршен избор за денови со високи температури.

Овој пат нашето летно расположение го дополнува новиот бронзер „Air Touch“ од познатиот бренд за декоративна козметика „Radiant Professional“, потоа новата маскара за густи трепки со ефект на вештачки трепки „ Lash Elegance“ од „Seventeen“, како и новите нијанси на мат кармините „Matt Lasting Lip Color SPF 15 “ од Radiant со кои ќе направите прекрасни усни во циклама боја. Плус, не треба да ја заборавиме и мат пудрата од истиот бренд „ Natural Fix “ која совршено ги покрива недостатоците и одговара на секој тип кожа, како и новите дневни креми за сончање со заштитен фактор од „Seventeen“ кои веќе ги пробавме и од кои сме воодушевени. Па без разлика дали надвор температурите се неподносливи или не, ние ги избравме нашите омилени производи за убавина кои ќе ги користиме се до крајот на ова лето.

Маркетинг

AIR TOUCH бронзер  

Маркетинг

Бронзер за совршен исончан изглед и светкав ефект

Она по што овој производ се издвојува од останатите во неговата категорија е мудро избраната комбинација од неколку нијанси со минимални разлики во бојата со цел постигнување на рамномерен исончан изглед. Треба да го нанесете по хидратантниот крем или пудрата на оние делови на лицето на кои сакате да добиете исончан изглед. Производот ќе ви овозможи совршен бронзен тен со дискретен светкав сјај, не содржи парабени и парфем, и е идеален за сите типови на кожа, вклучително и многу чувствителна кожа.

LASH ELEGANCE – маскара

Единствена маскара за густи трепки со ефект на вештачки трепки

Испробајте ја најновата маскара „Lash Elegance“ од „Seventeen“ која е одличен избор за совршено обликувани трепки. Исклучителен волумен, фантастично издолжување и дефиниција, трепките не се лепат, а мултидимензионалната четка која ги издвојува трепките е идеална за лесно нанесување и ефект на вештачки трепки. Маскарата е без мирис, офтамолошки тестирана и лесно се отстранува со средството за отстранување на шминка „Ideal Make up Remover“. Освен во црна боја, достапна во уште 3 различни нијанси.

MAT LASTING Lip Color

Долготраен течен кармин кој е апсолутен хит за оваа сезона!

Карминот е со мат ефект и кремаста текстура, збогатен е со витамин Е и други природни состојки за екстра хидратација на усните. Содржи сончеви филтри СПФ 15 за заштита од штетни сончеви зраци и не содржи парабени, а со него неминовно ќе бидете во тек со најголемите светски трендови кога се шминките во прашање.

NATURAL FIX All Day Matt make up

Пудрата NATURAL FIX се задржува на вашето лице долго време и совршено ги сокрива недостатоците, збогатена е со витамин Е за екстра хидратација и содржи ситни прашкасти честички за регулација на маснотиите на лицето. Апсолутно не е штетна за вашето лице, не содржи масла и парабени и одговара на сите типови на кожа.

DAILY CREAM SPF 50 +

Повеќе за новите креми од Seventeen прочитајте тука

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button