Реклама
Интервју

Пет минути со Наталија Теодосиева: „Во Солун град на духови созревав однесувајќи се како дете“

Реклама

Наталија Теодосиева е наша млада актерка со богато искуство. Во последно време кај нас е препознатлива од рекламите за „Скопско“ на Милчо Манчевски, како и од извонредните претстави на Слободан Унковски „Солун град на духови“ и „Ајнштајновите соништа“.

Своето средно образование го завршува во средното музичко и балетско училиште „Илија Николовски- Луј“, а потоа се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на Владимир Милчин. Театарските почетоци ги има во претставата „Дракула“ на Срѓан Јанаќиевиќ, а потоа учествува во низа различни македонски како и интернационални проекти.

Маркетинг

Со Наталија кратко прозборувавме за убавината на танцот и актерството и како таа ги балансира и двете низ својата разновидна кариера, како и за интернационалниот алтернативен театарски перформанс “Fictional State” („Фиктивна состојба“) на австрискиот режисер и драматург Кристијан Винклер, од кој таа е дел веќе две години.

Моментално си дел од гореспоменатиот перформанс „Fictional State” кој кај нас не се рекламира многу, но добива одлични критики на пример во Германија и Австрија. Објасни ни што всушност е „Fictional State” и како ти стана дел од тоа?

Маркетинг

Би сакала да ми се случат повеќе процеси како оној на „Солун град на духови”. Дефинитивно најинтересниот, најкреаивниот, најзабавниот процес досега. Екипа со која сакам да работам уште многу. Таму открив една друга Наталија, а кој знае уште колку ќе ги најдам со ваквите процеси. Таму созревав однесувајќи се како дете.

„Fictional state” e алтернативен театарски перформанс, идеја на Австриецот Кристијан Винклер. Тој доаѓа во Македонија во 2012 година, точно во моментот кога почна барокното стиропорско лудило кое уште не држи – едноставно идеите за украсување не секнуваат! Нејсе. Инспириран од политичката ситуација во Македонија, Кристијан решава да го направи овој перформанс исклучиво со македонски актери. Покрај проектот „Скопје 2014” се споменува и конфликтот во 2001, односно дека некаде во предградието на Скопје за време за конфликтот, млади од сите националности, главно Албанци и Македонци се собирале и правеле журки, како реплика на војната. Перформасот најчесто го играме во Германија или Австрија и досега учествувамве на доста европски фестивали. Во Скопје игравме само еднаш, а веќе од октомври почнуваме нова турнеја. Во перформансот сме тројца: јас, Ивица Димитријевиќ и Бобан Кулески.

Какво е твоето лично искуство од работа на ваков проект?

Со самото тоа што овој театарски перфоманс се изведува во различни градови и држави, пред различна публика, не на мојот мајчин јазик, текстот се допишува или се менува зависно од тоа каде следно играме а времето за учење текст е кратко, би рекла дека носи голема одговорност, а со тоа си доаѓа и стекнувањето на искуство. Да не зборуваме за тоа дека си имам работа со режисер Австриец кој учел и работи во Германија! :)

Кој ти бил најинтересен процес во работата на една претстава?

Би сакала да ми се случат повеќе процеси како оној на „Солун град на духови”. Дефинитивно најинтересниот, најкреаивниот, најзабавниот процес досега. Екипа со која сакам да работам уште многу. Таму открив една друга Наталија, а кој знае уште колку ќе ги најдам со ваквите процеси. Таму созревав однесувајќи се како дете.

Две години по ред беше и дел од престижната уметничка летна школа Interlochen Center for the Arts во Мичиган, САД. Со какво искуство се стекна таму?

Ме врати скоро 9 години назад J. Interlochen е мојата голема љубов од тинејџерството. 2007 и 2008 добив стипедија и станав дел од тој средношколски уметнички свет. Имаше ученици буквално од цел свет. Таму си ги усовршував моите танцувачки способноси. Учев класичен балет, модерен балет, џез балет, африкански танци, импровизации… Тоа е камп во кој живееш скоро 3 месеци без интернет, мобилен и слично, има само пошта и понекоја телефонска говорница. Секако дека посетите ми беа сведени на минумум, зашто нели, кој ќе дојде од Македонија да ме посети… Па така, писма чекав и по 2 недели, а тука беше и будењето во 6 науто со труба и сите со трчање надвор на игралиштето на пребројување! Нејсе, тоа беше најголемата школа што до сега сум ја добила, почнувајки од тоа од какви професори, танчери и кореографи сум учела, во какви сали сум вежбала, какви концерти сум гледала и во какви концерти сум учествувала, па се до дружбите кои ти се чини дека немаат граници зашто имаш пријатели од кој било дел од светот што ќе посакаш. Најубавите 2 лета во мојот живот.

Последно можевме да те видиме како ментор на драмската изведба „Нивниот пат“ која беше дел од проектот „Во чевлите на бегалците“, посветен на моменталната бегалска криза. Колку се пронаоѓаш во таа улога на ментор?

Токму оваа претстава зборува за патот кој го одат најмалите и најмалку виновните, оние кои само што зачекорија на овој свет, го исплачаат повеќе од било кој староседелец.

А цело време се обидувам на луѓето да им кажам дека немам менторски амбиции или пак режисерски, и токму тогаш ќе дојде некој со идеја што ќе ме купи од прва. „Нивниот пат” е претстава која беше дел од настанот наречен „Во чевлите на бегалците”, идеја и реализација на МОФ. Секако дека не ми е прв пат да работам со МОФ, па така и лесно се впуштив во ова. Морам да потенцирам дека имав прилика да работам со прекрасни учесници/актери, генијални деца! Токму оваа претстава зборува за патот кој го одат најмалите и најмалку виновните, оние кои само што зачекорија на овој свет, го исплаќаат повеќе од било кој староседелец. Текстот се базира на вистински приказни што ги наоѓав на интернет, потоа ги преведував, па ги пишував во драмска форма. Почнавме со веќе постоечки текстови но мене ми се виде добра приликата, барем тие што ќе дојдат да ја гледаат претставата, да ги слушнат вистинските зборови кажани од децата бегалци. И ете, уште еднаш се докажа дека менторската работа сепак ми се допаѓа и некако успевам да се снајдам во неа.

Текст и фотографија: Ерина Богоева

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button