ТАЈНИТЕ НА РУСКАТА МАГИЈА: Користете предмети од дома со кои ќе се остварат вашите желби!
Научете како и зошто е добро секоја куќа да има потковица над вратата
Како и кај многу народи кои наследиле од предците некои магични ритуали, така и во словенската култура и понатаму опстојуваат моќни ритуали.
Магијата има традиција илјадници години, и никогаш нема да се искорени, особено не кај нас. Луѓето едноставно чувствуваат потреба да ѕирнат во минатото, да се заштитат од негативните енергии и зли духови, но, исто така, и да се привлечат добра среќа и богатство, постигнување на желбите… Бидејќи, магијата не е ништо друго од насочување на енергиите, што се невидливи за голо око, а кои може да влијаат врз судбината.
Магични предмети
Во словенската магија постојат предмети без кои е речиси невозможно да се замисли некој ритуал. Тоа се, пред сè, оние предмети кои некогаш ги имало во секој дом: вретено, огледало, чешел, пешкир… Секако, ги исцртувале врз облеката, а врз некои предмети исцртувале и одредени орнаменти, всушност, украси кои содржеле моќни магиски формули. Тие орнаменти, исто така, се ставале на куќите, шталите, а подоцна и на зградите на кои сè уште може да се видат.
Премини на следната страна >>