Ако не сакате само да се чувствувате удобно, туку и да бидете во чекор со актуелните трендови, изберете некој од овие модели од најпознатите светски брендови.
Овој период од годината сите се збогуваме со „затворените“ обувки, па дури и со нашите омилени високи потпетици, а им посакуваме добредојде на рамните кежуал модели од кои секако неизбежни се апостолките и папучите. Во нив температурите се многу поподносливи, а со нив и ние посреќни во овој период од годината. Покрај удобноста, за сите оние кои сакаат да се чувствуваат и пријатно и тренди, се погрижија некои од најпознатите светски брендови кои своите колекции ги „оплеменија“ со најинтересните модели за оваа сезона.
Нови папучи кои се вистински хит меѓу познатите ИТ девојки
Па, отворете ја галеријата што следува на крајот од овој текст и погледнете ги најдобрите модели на папучи и апостолки од најпознатите комерцијални брендови, но и неколку модели од познатите дизајнерски имиња кои ни фатија око.
Топ 20 неодоливи и совршено удобни папучи за пролет-лето 2016
Меѓу нив секако ќе го најдете и оние модели кои важат за маст-хев според најпознатите ИТ девојки (како на пример трендовските папучи со потписот на Александар Ванг кои чинат околу 400 долари – прочитај повеќе за овој модел тука), но и нивните верни копии од брендовите за кои не ви требаат цела вреќа пари за да одите во шопинг.
види повеќе » |