AirNail System by Magnetic
Ербраш техниката (AirBrush System) е најновата техника за изработка на едностaвен и лесен NAIL ART.Оваа техника се изведува со помош на специјален апарат кој се состои од компресор и пиштол на воздушен притисок. Со помош на пиштолот можете да креирате најразлични нијанси и дизајни на ноктите, лесно како цртање графити, односно цртање со спреј.
При креирањето на дизајнот се користат повеќе различни шаблони-од разиграни принтови до остри прави линии, едноставно сè е можно. Техниката е совршена за ГРАДАЦИЈА (ОМБРЕ) како и брз и прецизен ФРАНЦУСКИ МАНИКИР. Лесно, едноставно и прецизно се извлекуваат линии, се користат само неколку капки боја и се заштедува време. Водете се од вашата креативност и оваа техника ќе ви овозможи бесконечно многу различни варијанти!
{youtube}E96UcqMesLs{/youtube}
Техника
За разлика од претходните системи за Ербраш техника, овој подобрен систем е покомпактен, полесен, поедноставен и бесшумен при работа. Во малиот пиштол се капнуваат неколку капки пигментирна боја и се поврзува со воздушниот компресор. Потоа постепено се прска на ноктот и тоа колку подолго прскате, толку посилна ќе биде бојата. На овој начин може да се создаваат многу различни нијанси на една иста боја.
Ербраш техниката не е тешка, само е потребна пракса за да се стекне искуство.
Според тоа, најдобро би било да го посетите курсот за ербраш техника што го добивате бесплатно со самото купување на апаратот.
На овој начин најлесно и најбрзо ќе ги научите сите трикови за креирање на совршени нокти со помош на оваа техника, а дводневниот курс го вршат професионалните едукатори на престижната Magnetic Nail Academy.
Книга со стикери со 60 различни дизајни кои се користат многу лесно!
Ербраш техниката е одличен начин за украсување на (вештачки) нокти. Оваа техника ни нуди безброј можности за креирање и декорирање на ноктите, комбинирајќи различни бои или интересни шари.
Ербраш техниката нуди можности професионалците што ја работат да се забавуваат истражувајќи ги различните варијанти и воедно да имаат среќни и задоволни клиентки кои постојано ќе се навраќаат. Академијата за нокти на Magnetic нуди најдобра практична обука која ќе ви помогне да ги извлечете најдобрите резултати од ербраш техниката, за само 2 дена.
Меркур Трејд е ексклузивен увозник на производите на MAGNETIC во Македонија.
Меркур Трејд – ул. Илинденска 47 Скопје и ул. Захарија Шумаљански бр. 3 Битола.
Контакт: Битола (047)234 004 и Скопје (02)31 30 008