Кафе муабет

Мораш да ги собереш сите – млад татко ловеше Покемони за време на породувањето

Advertisement

И додека Џесика чекаше да се породи со царски рез, нејзината подобра половина чекаше да се појави неговиот покемон.

Advertisement

Новата игра „Покемон Гоу“ го освојува светот, а најтврдокорните гејмери излегуваат на светлото на денот кога ќе ги соберат сите. Познатата апликација ја искористи и таткото Џонатан Теорист од Тексас кој за време на породувањето на неговата сопруга Џесика се бркаше со неговите виртуелни „другарчиња“. И додека Џесика чекаше царски рез нејзината подобра половина го чекаше новиот Покемон, обидувајќи се да го пронајде некаде низ болницата.

„Среќен сум што имам сопруга која го подржува мојот ’покемонски’ начин на живот. Но, ете, ме замоли да не лутам низ болницата, барем додека да стигне детето“, објави Џонатан на Имгур. Сепак, младиот татко своето трето дете го дочека присебен.

Advertisement

А пред да се роди малото девојче, во семејството стигна и малиот Покемон кој ги дочека на болничкиот кревет на неговата сопруга.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button