ИНДИЈАНСКИОТ ХОРОСКОП ЈА ОТКРИВА ВАШАТА ВИСТИНСКА ПРИРОДА: Во што сте најдобри, а каде се сопнувате
Астролошкото толкување на американските домородни Индијанци е старо 5.000 години, а се базира врз духовната поврзаност на поединцецот со неговиот тотем. Откријте кој тотем ве чува вас, ама и кои се вашите предности и слабости!
Видра (20 јануари – 18 февруари)
Видрите се многу неконвенционални, но ако сте во потрага по некој кој ќе ја заврши работата што е можно побрзо, никако не очекувајте дека тие ќе скокнат напомош. Сепак, нивниот голем квалитет, покрај тоа што се исклучително интелигентни, е дека гледаат на работите од сосема поинаков агол, па кога ќе се зафатат за некоја работа, ја оставаат конкуренцијата зад себе бидејќи прават нешта за кои никој пред нив не се досетил.
Волк (19 февруари – 20 март)
Волкот е најсентиментален и најчувствителен од сите знаци – како во ментална, така и во физичка смисла. Сепак, иако се нежни души, постои противречност кај нив, бидејќи очајнички им е потребна слобода. Затоа, цел живот го поминуваат во тешка потрага за рамнотежа на тие две работи.
Сокол (21 март – 19 април)
Соколот е вистински лидер, кому сите наоколу му се обраќаат за совети во тешки ситуации. Соколот е, за разлика од Видрата, тој кој веднаш ќе ги преземе работите во свои раце и ќе се фрли на работа. Толку е вреден и агилен така што оние кои го знаат барем малку често го сметаат за арогантен. Но, ако се најде во средина која му дава поддршка, Соколот ќе се покаже како незаменлив лидер.
Дабар (20 април – 20 мај)
Дабарот е вистински работник. Најважната цел му е да ја зголеми својата ефикасност до максимум и секогаш има добро развиена стратегија тоа и да го постигне. Тој е најметодичен од сите знаци. Ова, поедноставено, значи дека омилено му е да каже: „Или на мојот начин, или патот под нозе.“ Меѓутоа, оној кој знае да ја цени логиката и методичноста на Дабарот, ќе има повеќекратна корист од него.
Елен (21 мај-20 јуни)
Еленот е темпарементен и многу комуникативен. Нема подруштвен знак од него. Сепак, бидејќи омилена тема му е тој самиот, често луѓето го доживуваат како егоист. Доколку ви треба некој кој секогаш ќе знае како да ве орасположи и да ви каже понекој добар збор, Еленот е вистинската личност за вас.
Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)
Клукајдрвецот во неговата суштина е хранител, глава на семејство и оној кој во природа му е да се грижи за другите. Од сите знаци, тој е најсоодветната родителска фигура. Може да направи нешто од ништо, секогаш е организиран и секогаш знае што и како понатаму. За нив не постои нерешлива ситуација. Недостаток на овој знак е тоа што се често многу посесивни и љубоморни, особено кога ќе помислат дека некој се обидува да им го одземе местото главен организатор.
Лосос (22 јули – 21 август)
Неверојатната енергија и активност на Лососот е заразна за сите други знаци. Лососот секогаш е во потрага по нов предизвик и задача, и не ги отфрла предизвициците. Недостаток е што без соодветна средина која ќе ја насочува неговата бескрајна енергија, Лососот станува неиздржлив егоист. Со цел неговата енергија правилно да се канализира, потребно му е добронамерна работна средина и многу активности со неговите соработници.
Мечка (22 август – 21 септември)
Прагматична и методична, Мечката е позната и по своето огромно срце и мирна рака. Мечките се совршени бизнис партнери, бидејќи се скромни и знаат многу реално да ја проценат ситуацијата. Скептични се во душа, но и бескрајно трпеливи, па затоа без проблем ќе ги истуркаат мачните и неизвесни задачи од кои сите други одамна би се откажале.
Гавран (22 септември – 22 октомври)
Иако денес е носител на злокобна симболика, Гавранот во индијанското толкување претставува непресушен извор на енергија. Тие се вистински тимски играчи и кај нив нема скриени намери и задкулисни дејствувања. Кога се на чело на тимот, знаат да бидат бескрајно напорни и да бараат многу, но ретко кој ќе се побуни бидејќи сите знаат дека Гавранот многу праведно го дели пленот со целиот тим.
Змија (23 октомври-22 ноември)
Змијата е духовен водач на сите други знаци. Делува мистериозно, застрашувачки и неуништливо, но доколку нивната мистичност се употреби на вистински и позитивен начин, ќе донесат добробит на сите во нивната околина.
Буф (утка) (23 ноември-21 декември)
Како и во современото толкување, така и кај домородните Индијанци Буфот е непресушен извор на мудрост и верен придружник низ секоја авантура. Имаат соколово око за детали коишто другите никогаш не би ги забележале, а нивната благост во однесувањето ги прави сите да ги доживуваат како исклучително пријателски настроени. Понекогаш се чини дека премногу надлетуваат и мотрат на другите знаци, но, доколку е тоа од добри побуди, сите со радост ќе им опростат.
Гуска (22 декември -19 јануари)
Гуската никогаш не ја заборава својата цел, па затоа е подготвена да вложи неверојатен напор и енергија, само ако наградата е задоволувачка. Гуските се многу љубезни кон пријателите и семејството, но во работата се немилосрдни. Затоа, во деловната средина често ги сметаат за опсесивни и зависни од работа. Меѓутоа, ако малку олабаваат со своите амбиции, може да бидат неверојатна инспирација за своите соработници.
Месечниот хороскооп за јули ве чека овде, а за неделниот кликнете тука.