ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ, ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ: Природни лекови за изгореници!
Антиоксидантите од доматите се одлична превенција од инфекции на површината на кожата оштетена од изложеност на силна сончева светлина.
Доколку сте заборавиле колку е силно сонцето додека сте уживале во сончањето и сега се борите со црвена и болна кожа, помогнете си со една од следниве намирници што ги имате во кујната. Освен што ви се веднаш на располагање, овие намирници се и многу ефикасни во однос на санирање на опасните оштетување на кожата предизвикани од изгореници.
Овесна каша
Направете освежувачка купка во кадата, па во водата додадете две до три филџани мелена овесна каша и сè добро измешајте. Почекајте 10 минути па легнете во кадата и уживајте во следните 20 минути до половина час. По капењето, исплакнете ја кожата со поладна вода. Овесната каша ќе ја смири кожата и ќе го ублажи пецкањето и иритацијата на кожата. Исто така, оваа здрава намирница ја чисти површината на кожата и ὺ помага побрзо да зарасте.
Домати
Антиоксидансите од домати се добра превенција против инфекции на површината на кожата оштетена од изложеност на силно сонце. Извадете ги доматите од фрижидерот, излупете ги, па исецкајте ги или испасирајте ги со вилушка, така што ќе станат кашести. Смесата, додека сè уште е ладна, нанесете ја на изгорениците и оставете да отстои половина час, а потоа отстранете ја со влажен пешкир.
Краставици
Сите добро знаеме колку маската од краставица е ефикасна за сувата кожа. Бидејќи ја стимулираат циркулацијата и природно ја обновуваат влажност на кожата, краставиците се одлично решение за изгореници. Ладната краставица исечете ја на кругови, а потоа распоредете ги врз изгорената кожа. Оставете ги 15-20 минути, а потоа заменете ги со нови, постудени кругови и повторете ја постапката уште еднаш.
Премини на следната страна >>