Неколку слики кои секоја девојка треба да ги има на својот профил
Милиони луѓе ги посетуваат сајтовите за запознавање, а истражувањата покажуваат дека две од пет лица на тој начин ја пронаоѓаат својата љубов.
Како, тогаш, да се покажете на вистинскиот начин? Како да го привлечете вниманието на социјалните мрежи? Еве го одговорот:
Модните експерти и познавачи на светот на социјалните мрежи и врски склучени преку нив, велат дека состанокот во голема мера зависи од облеката што ја носите на сликата на вашиот профил на социјалните мрежи. Дури се битни и бојата и материјалот. Сето тоа влијае врз впечаток што го оставате во виртуелниот свет, па затоа на сè треба да обрнете внимание. Велат дека овие четири слики мора да ги имате на вашиот профил.
Слика 1: ГЛАМУРОЗНА
На сликата на профилот треба да носите она што би сте го облекле на првиот состанок. Некој од друга страна треба да ве замисли како личност. Затоа, гламурозен фустан или корсет прават чуда, велат тие. Клучот е во нешто ласкаво и елегантно. Класичен, едноставен црн фустан е секогаш добитна комбинација и со него ќе предизвикате најмногу внимание. Жиш-розов или сенф-жолт фустан послабо поминуваат, како и коктел фустаните. Експертите за врски велат дека црниот фустан е најдобриот избор и дека бројот на посети на вашиот профил, благодарение на истиот, може да се зголеми дури и до 19 проценти.
Премини на следната страна >>