Познатиот бренд Њујоркер и ова лето ќе ни го разубави со тантела, цвеќиња, тренди риги, возбудливи дезени, живи бои и проѕирни материјали.
Не, никогаш не ни е доста кога се летните фустани во прашање, и сите имаме место барем за уште неколку нови парчиња во нашите плакари. Ова важи особено за овој период од годината кога температурите се високи, а летните фустани – едни од најудобните и најпосакуваните парчиња за сите девојки. Токму и затоа во серијата најпопуларни хај стирит (и дизајнерски) брендови чии фустани ревносно и со радост ви ги претставуваме (види ги тука и другите текстови), на ред дојде и познатиот германски бренд Њујоркер кој својата летна колекција ја освежи со преубави модели. Отворете ја галеријата и погледнете ги нивните кратки и долги фустани зачинети со весели цветни мотиви, тантела, возбудливи дезени и романтични риги, но и еднобојни парчиња со кои без проблем ќе се трансформирате во вистинска летна кралица.
види повеќе » |