Ова сe високи потпетици кои ги обожаваат дамите со сина крв, а меѓу нив и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, но и кралиците Ранија и Летиција.
Дамите од најпознатите кралски семејства ширум светот секогаш избираат класични безвременски парчиња по што е препознатлив нивниот стил. И колку тие да се единствени и да негуваат автентичен стил, можеме да препознаеме дека кај нив постојат и универзални правила при изборот на облеката и модните додатоци, а тоа најчесто е едноставноста, елеганцијата и вечната класика. Токму затоа и не треба да не чуди што кралиците и војвотките избираат салонки со високи потпетици кои ги носат речиси со се – од фустани до здолништа и панталони. Погледнете како тие ги носат нивните омилени високи потпетици.
Војвотката од Кембриџ
Кејт Мидлтон обожава да носи црни салонки со високи потпетици кои најчесто ги комбинира со модни додатоци како шешир и чанта.
Овие сандали ќе бидат вистински хит оваа сезона »
Ранија – кралицата на Јордан
И оваа дама е љубителка на класичните црни салонки со високи потпетици а најмногу сака да ги носи со вечерни фустани со средна должина.
Премини на следната страна >>