Познатата водителка Опра Винфри открила дека има тајно оружје кога станува збор за нејзината борба со вишокот килограми.
Наводно, популарната водителка успеала да изгуби повеќе од 13 килограми, а на пријателката од групата за губење тежина и открила дека нејзиниот партнер најмногу и помогнал. Во прашање е познатата програма „Weight Watchers”, која вклучува ригорозен режим на исхрана и физичка активност, со редовни мерења на тежината.
Споделувајќи го своето искуство, Опра се вклучила во емисијата „Добро утро, Америка“ и давала совети на гледачите како да се решат од вишокот килограми.
Нејзиниот партнер, Стедман Грем, исто така станал член на програмот за слабеење „Weight Watchers”. Опра објаснила дека тој постојано се распрашувал за целиот процес и на крајот го убедила да и се приклучи. „Многу ми е полесно кога некој постојано ме поддржува и пази да не оплескам нешто“, – и рекла на водителката.
Доколку и вие се борите со вишокот килограми, послушајте го советот на Опра – наговорете го и вашиот партнер да се помачи со вас.
Можеби токму тоа е охрабрувањето што ви треба!