Рецепти

Ќе го обожавате овој здрав домашен сладолед во преубави бои

Реклама
Реклама

Топлите летни месеци се совршено време за уживање во сладолед!

Пробајте го овој рецепт за кремаст, здрав сладолед од Спирулина и малини кој е без нездрави маснотии, шеќери и адитиви, а се прави многу едноставно. Потребни се зрели банани, кои се веќе поцрнети малку и со точки. Оние кои не би ги јаделе никогаш и кои се продаваат на попуст во продавниците – е токму такви банани ви се потребни за овој рецепт! Излупете ги презреаните банани, преполовете ги и замрзнете. Откако ќе замрзнат треба да ги исечете, да ги ставете во блендер (food processor), да додадете половина банана која не е замрзната (за да се изблендира полесно), 1-2 лажички јаворов сируп (или мед), малку ванила (да го намали вкусот на бананите) и да изблендирате.

Маркетинг

Откако ќе добиете фина креместа структура, додадете ореви, бадеми, јагоди, боровинки, малини или спирулина. Изборот е голем, а во продолжение ќе ги прочитате советите на хрватската Интаграм блогерка Маја Брекално за сладолед од малина и Спирулина.

Маркетинг

Значи и за двата сладоледа, основата е иста – две смрзнати банани плус половина обична банана и јаворов сируп или мед.

За сладолед од малини треба да додадете 1 лажичка замрзнати малини и парче лимон со кора или две лажички сок од лимон и малку изрендана кора, а потоа да изблендирате. За зелен сладолед од спирулина додадете една лажичка спирулина во прав. Не треба да се плашите од вкусот на алгите, бидејќи во комбинација со другите состојки воопшто не се познава.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button