Германската организација за заштита на потрошувачите Фудвоч пронајде опасни материи во омилениот детски производ и во уште два други бренда.
Тестирањата што ги спроведе оваа организација открија дека познатиот бренд Киндер и уште два други бренда содржат опасна материја која предизвикува рак, пишува германскиот весник „Berliner Morgenpost“.
Фудвоч апелираше дека чоколадите Ферера киндер ригел, Линдта „фјорето мугат минис“ и Рибацела „сан рајс класик“ треба да се повлечат од продажба, бидејќи тестирањата покажаа дека содржат можни канцерогени материи наведува германскиот весник. Овие благи производи во себе содржат таканаречени ароматични минерални масла (МОАХ) порачуваат од Фудвоч и додаваат дека производителите наводно одбиле да ги повлечат овие производи.
„Производителите се виновни. Наместо да ги тргнат опасните производи од полиците и да ги предупредат децата, тие велат дека работат по закон“, изјави Џон Хег од Фудвоч. Оваа организација има тестирано преку 20 различни видови на чипс и чоколада, и открија дека постоењето на заситени минерални масла (МОСХ) кои, како што предупредуваат, можат да се наталожат во човечкиот организам и да предизвикаат оштетување на органите, па затоа децата се во опасност.
„Се покажа дека и чоколадите киндер ригел, една од најпродаваните во Германија (а најверојатно и во Македонија!) има најголемо ниво на минерални масла, порачуваат до Фудвоч, повикувајчи се на уште едно од строгите ограничувања поврзани за заситените минерални масла во храната и на нултата толеранција кон ароматичните минерални масла. Организацијата во своето соопштение соопшти и дека супстанцата се пренесува во храната преку рециклираното пакување, кое претходно е печатено со мастило кое во себе ги содржи овие масла.
Но, ова по се згледа не е единствениот проблематичен производ од компанијата Киндер, бидејќи уште во 2015 година се појавија шпекулации дека нивното јајце, „Киндер Џој“, содржи восок со кој се премачкани стиропор контејнерите, а кој исто така предизвикува рак. Според регулативата на Агенцијата за лекови и храна ФДА, која датира уште од 1938 киндер јајцата се забранети за продажба и увоз во Америка бидејќи се сметаат за опасни за децата. Казна за обид за криумчарење на овој производ во САД изнесува 2500 долари по јајце.
Што мислите за овој проблем? Дали вашите деца ги сакаат овие производи и како планирате да ги заштитите од можните последици?