Реклама
Фитнес

ЗА РАМЕН СТОМАК И СТОМАЧНИ МУСКУЛИ КАКО КАМЕН: Основни вежби кои ги прават сите гимнастичарки!

Реклама

Гимнастичарките од видеото што следува ќе ви покажат како да ги правите овие хит вежби, од кои тие направија забавна кореографија.

Ако било кои спортистки имаат витка и складна фигура, тогаш тоа се гимнастичарките. Сепак, зад нивниот изглед стојат часови и часови вежбање. Иако некои од нивните вежби многумина не можат да ги изведат, овие стомачни вежби секој може да го прави.

Маркетинг

Станува збор за 3 вежби – варијанта на „планк“ * во комбинација со подигнување на едната, а потоа на другата нога до градите (правете ја од 7 до 12 пати со секоја нога во три серии, па одморете), потоа подигнете ги рацете и нозете истовремено додека лежите на грб (оваа вежба правете ја 7 до 10 пати, па потоа одморете) и наизменично подигање на едната и другата нога како да возите велосипед, додека горниот дел ви е подигнат колку што може повеќе (се повторува од 7 до 12 пати во три серии).

Што е планк?

Маркетинг

„Планк“ е вежба во која „лебдите“ со вашето тело над подот (види ја сликата) неколку минути потпирајќи се само на рацете и нозете. Да се наоѓате во оваа положба и две минути воопшто не е лесно, но како резултат на оваа вежба ќе имате силен грб, затегнат задник без целулит, извајани нозе, рамен стомак и убави раце.

Едноставно, со оваа вежба се активираат голем број мускули, а во видеото што следува ви се дадени 3 варијанти на оваа вежба за кои зборувавме погоре.

{youtube}u2EGLIyDkXE{/youtube}

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button