Нејзе не и е проблем да ги провоцира своите фанови на Инстаграм…
Емили Ратајковски ја подигна температурата на социјалните мрежи кога објави фотографија на Инстаграм на која повторно носи секси бикини. Овој пат станува збор за преубав дводелен костим за капење, со пуш-ап градник и оскудни гаќички, во кои познатата манекенка ни го претстави нејзиното фасцинантно тело.
Amore + Sorvette
Инаку, нејзиното тело е како создадено за бикини, а оваа сезона по се изгледа ќе го помине во монохроматските оскудни бикини со потписот на австралискиот бренд Amore + Sorvette во преубава бордо нијанса. Да, вие можеби веќе игравте на картата на модерните дезени за ова лето, или пак на едноделните модели со интересен и модерен крој, но не заборавајте дека едноставните монотони бикини можат најмногу да му ласкаат на вашето тело, па не е лошо да ги имате во вашите фиоки.
Amore + Sorvette
Погледнете ги и другите модели од овој бренд ….
види повеќе » |