Во продолжение ќе ви ги наведеме најважните нешта за нанесување на маскара, но и ќе ви ја претставиме една од најдобрите маскари на нашиот пазар.
Се надеваме дека повеќето совети кои ќе ги наведеме во продолжение ги знаете, и секако – дека ги применувате истите. Доколку пак нешто од ова сте испуштиле или заборавиле да го применувате во текот на вашиот динамичен живот, тогаш обидете се повторно да воспоставите рутина. Сепак, кога станува збор за вашата убавина, ништо не е премногу, нели?
Црната маскара е најдобра!
Маскарата се користи да се дефинираат трепките и да се истакнат очите и затоа најдобро е да се користи црна маскара. И русокосите девојки треба да користат црна маскара доколку сакаат да постигнат најдобар ефект, а не кафеава.
Ниту една маскара не е супер-маскара
Немојте да очекувате дека една маскара ќе ги исполни сите ваши барања – за продолжување, згуснување, волумен на трепките итн. Стариот добар трик е да се комбинираат повеќе маскари за да се постигне саканиот ефект.
Четкичката е многу важна!
За да добиете подолги трепки поважно од користењето на маскара за „продолжување“ на трепките е да обрнете внимание на четкичката – таа треба да биде со рамни завршетоци за визуелно издолжување на трепките.
Максимално истакнување
За максимално истакнување на очите маскара се нанесува и на долните трепки, но внимателно, со врвот на четкичката, за да не се направат грутчиња.
Нема место за грешки
Најдобро е да се нанесат неколку слоеви пред нанесувањето на коректор и сенка за очи (за да можат да се поправат грешките) и потоа уште еднаш за нагласување.
Маскари во боја
Популарноста на маскарите во боја почнува рапидно да се зголемува од нивното се почесто појавување на модните ревии, а овој тренд е мошне актуелен и оваа сезона. Смелиот моден изглед, со доминантно истакнати очи во впечатливи бои станува апсолутен хит за сите креативни и модни сензативни девојки и жени. Замислете ја вашата омилена боја и креирајте сопствен тренд кој ќе одговара на вашиот моден стил. Бидете смели и носете ја вашата маскара во боја за време на ноќните викенд журки, во склад со вашиот секси фустан или за време на саботните градски прошетки со пријатели во кежуал варијанта
Наш предлог за овој месец е маскарата во боја од Radiant Professional:
MAGNA LASH
Кликни тука и порачај ја оваа маскара »
Ако сакате вашиот погледот да биде вашето најголемо оружје, ви предлагаме да ги пробате новите маскари во боја од Radiant Professional. Станува збор за маскарата Magna Lash која претставува комбинацијата на совршена формула создадена од природни полисахариди и која покрај класичната црна боја е достапна и во четири други нијанси – кафена, виолетова, темно и светло сина боја. Маскарата е наменета за создавање на смели и спектакуларни трепки, нуди неверојатен волумен и сензуално извиткување, а специјално дизајнираната и исклучително прецизната четка поминува низ секоја трепка и остава длабока, интензивна боја со која лесно ќе креирате драматична шминка со долги трепки полни со гламурозен волумен. Маскарата е одлична за жените кои сакаат да имаат големи, темни, впечатливи и долги трепки, и истиот ефект да го добијат без да користат вештачки трепки.
Кликни тука и види ја цената на оваа маскара »
Па, доколку сакате да ја прочитате рецензијата за оваа маскара, кликнете тука, а доколку сакате да прочитате нешто повеќе и за другите производи од декоративната козметика на „Radiant Professional“, отворете го линкот кој ви е даден во продолжение.
види повеќе » |