Шопинг

Модели на костими за капење кои ќе го издолжат вашето тело

Advertisement

Благодарение на девојките како Џиџи, Тејлор и Бијонсе ние веќе знаеме на кои модели треба да им посветиме внимание ова лето.

Advertisement

Купувањето на костими за капење понекогаш навистина знае да биде напорно. Постојат милион различни стилови, кроеви и облици, па изборот на вистинскиот модел може да претставува тешка задача дури и за оние кои обично немаат проблем да ги изберат вистинските парчиња. Тоа го знаат и најпознатите ИТ девојки кои на време се подготвија за новата сезона и кои преку социјалните мрежи веќе ни ги најавија новите трендови.

Едноделни и дводелни костими за капење од брендовите кои се познати во Македонија

Advertisement

Едноделни костими за капење

Кај едноделините костими за капење важно е да ја изберете вистинската големина која добро ќе стои на вашето тело, но и ќе ги покрие недостатоците. Па доколку сакате да го подзаскриете стомакот изберете едноделен модел кој е затворен во овој дел, со кој ќе ги истакнете атрибутите и кој слободно би можеле да го носите полни со самодоверба.

Плус-сајз костими за капење за девојки кои ги следат трендовите

Бикини

Бикините со висок струк исто така им се омилени на познатите дами. Тие визуелно ги издолжуваат нозете и целото тело, но и го ставаат акцентот на половината, особено кај дамите со облини на кои визуелно им го стеснува овој дел од телото, додека на пониските девојки создаваат привид на тело во облик на песочен часовник. Тие изгледаат ретро, но воедно и доволно шик, така што секоја дама во нив ќе се чувствува како вистинска ИТ девојка.

Еве како да носиме класични секси бикини ова лето

Бела Хадид

Соланж Ноулз

Алесандра Амросио

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button