Летото е посебен период во годината, наменет за луди забави и журки, па денес решивме да ве изненадиме со неколку парчиња кои можете да ги носите на забава и кои ве мамат да ги купите и да ги имате во вашите плакари.
Да, и ние сме зависнички од добрата забава, но и од исклучиво добрата облека која ќе ни пружи 100 процентно уживање кога ќе танцуваме на некоја журка или концерт оваа сезона. Па доколку не сакате да се чувствувате како Тошо Малерот или како Ким Кардашијан на првата Мет Гала во нејзиниот живот, изберете некои од овие вечерни фустани и комбинезони за кои со 100 % сигурност нема да имате проблем со кроевите, но ни со квалитетот на материјалите. Тоа може да биде краток фустан од тантела, фустан на едно раме во „парти“ бои (страсна црвена или бела која токму во летната сезона го преставува сето она што го преставува црната во студените зимски денови!) или пак едноставно, изберете долги фустани од прозрачни материјали кои исто така важат за класици за долгите и топли летни ноќи.
Но, покрај преубавите фустани, во галеријата ќе видите и неодоливи кратки здолништа, кратки топови и блузи од тантела кои ќе ви ги откријат рамениците и во кои ќе изгледате секси и неодоливо и ова лето.
види повеќе » |