Млекото претставува одличен спој на витамини и протеини кои ја хранат кожата и ја прават мека и мазна и затоа се употребува во третманите за убавина уште од најстари времиња.
Познати се приказните за убавиците од дамнешното минато кои се капеле во млеко. Во наше време не изгледа баш изводливо да ја наполниме кадата со млеко и едноставно да уживаме во неа. Сепак, заинтересираните можат да испробаат еден рецепт: истурете во кадата барем два литри млеко и додајте топла вода. Пред да влезете во кадата убаво измасирајте го телото со маслиново масло. Со овој третман сувата кожа ќе стане мека и мазна. Млекото ја чисти и ја храни кожата. Липидите и протеините длабински ја хранат кожата, ја омекнуваат и смируваат.
Купка за чистење на кожата
Во памучна ткаенина ставете 1 кг трици, заврзете ја ткаенината со врка и варете ја десет минути во 4 децилитри вода и 4 децилитри млеко. Наполнете ја кадата со вода, ставете ја вреќичката со триците и лежете 15 минути во вака подготвената купка.
Масажа со млеко и етерични масла
Ставете неколку капки етерично масло во чаша млако млеко, натопете го сунѓерот со кој се бањате во млекото, исцедете го и убаво истријте го целото тело. Ќе се чувствувате прекрасно – и вие и вашата кожа.
Чистење на лицето
Пред спиење исчистете ја кожата со памук натопен во млеко. Поминете го лицето два до три пати и измијте го со млака вода. Изберете го типот на млеко според вашата кожа – полномасно млеко за сува кожа и млеко со помала масленост за мрсна кожа.
Премини на следната страна >>