Погледнете го ова фантастично издание на Азизе Демиши …
Црниот комбинезон е одлична, помодерна и пософистицирана алтернатива за сеприсутниот мал црн фустан. Тие се хит последните неколку сезони и досега можевме да ги видиме најпознатите ИТ девојки како Оливија Палермо, Алекса Чанг, Сара Џесика Паркер, Кендал Џенер, Џиџи Хадид и ред други како ги носат своите елеганти, секси модели за вечерни пригоди. Но, денес ќе ви прикажеме комбинација со црн комбинезон од македонскиот бренд Астибо во режија на една од најпознатите наши модни блогерки.
Станува збор за Азизе Демиши која стои зад блогот Rosee96 и која овој шик комбинезон го комбинираше со високи потпетици од Перла и впечатлива белегзија од „Soufeel“. Ова едноделно парче изгледа драматично и одлично ја истакнуваат линијата на нејзиното тело, особено во пределот на половината каде има интересен детаљ во сребрена боја.
Инаку, овој комбинезон како и другите парчиња од новата колекција на Астибо можете да ги порачате и онлајн од интернет продавница Trgovski.mk а се што треба да направите е да кликнете тука или на линкот што следува.
види повеќе » |
Фото: Foto Studio Flash Struga