Овие тајни за убавина се навистина делотворни, а истовремено евтини и едноставни, така што можете да ги правите дома!
Покрај естетската хирургија, напредните козметички третмани и масовното користење на ботокс, ѕвездите имаат и некои мали тајни за убавина кои воопшто не се скапи или комплицирани, туку сите ние можеме да ги применуваме дома. И тие знаат да користат природни средства за убавина и сами да се грижат за својот изглед. А знаат и повремено да оддадат некоја од своите тајни. Да разгледаме неколку од најинтересните:
1. Бел креон или туш за очи
Ова е многу популарен трик што го користат супермоделите. Белиот креон ги отвара очите и тие изгледаат сјајни и отворени. За белиот креон да не се забележува премногу на вашето лице нанесете го само на внатрешните агли долж линијата на долните трепки и ќе добиете очи широко отворени и будни.
2. Сатенски перници
Ѕвездите знаат дека квалитетните навлаки за перници си вредат за парите. Тенките линии на лицето што ги гледате кога ќе станете наутро после некое време ќе се претворат во брчки. Сатенските и свилените ткаенини не се вдлабнуваат во лицето како памукот и тие исто така се одлични и за косата.
Според тоа, ако немате навика да спиете на грб, инвестирајте во сатенска постелина, инвестицијата ќе ви се исплати.
Премини на следната страница >>