Кога сте на прагот да се впуштите во светот на бизнисот и да почнете сериозно да размислувате за својата кариера, има многу прашања и загатки кои треба да ти решите и на крајот да одлучите која е таа професија која најдобро одговара на вашиот карактер и темперамент.
Најдобро е, секако, кога ќе почнете да работите она што сакате и што ве исполнува, но понекогаш вреди да се посоветувате кога ќе дојде време и момент нешто да изберете. Еден начин е да зачекорите во светот на астрологијата и да погледнете кој пат низ кариерата најдобро ќе одговара на вашиот хороскопски знак.
Овните се првиот знак во хороскопот, па бидејќи се тука први, таква тенденција шират и во другите сфери на животот. Родени се лидери и предводници, па најдобро им одговараат директорски и високи позиции. Покрај тоа, Овните се визионери, поради што се реализираат како добри модни уредници или креативни директори. Бидејќи се раководени од Марс, кој исто така е бог на војната, ним им одговараат позиции кои со себе носат одредени опасности, предизвици и натпреварувачки карактер.
НЕВЕРОЈАТНО: Според ФБИ хороскопските знаци и криминалот се тесно поврзани
Биковите се многу силни, но најмногу од сè сакаат да се обезбедени и да се чувствуваат сигурно, па секогаш работат на тоа. Покрај тоа, добри се за тешки и психички напорни работи, како и оние кои бараат голема прецизност, како што е архитектурата. Биковите сакаат да се најдат на самиот врв, но поради нивната тврдоглавост, сакаат сè сами да постигнат без ничија помош, во што и најчесто успеваат. Нив ги одредува Венера, како планета на љубовта и убавината, поради што луѓето од овој знак често се свртени кон работи од тој вид.
Близнаците се многу дружељубиви и секогаш може да ги видите опкружени со голем број луѓе и во големо друштво, кога станува збор за пријателство, поради што припадниците на овој знак најмногу прифаќаат работни места во чии рамки се најважни комуникацијата и интеракцијата. Меркур, како прва планета, го дефинира овој знак, што влијае на тоа Близнаците да бидат добри во пишување и во сите форми на комуникација. Единственото што им е потребно за да го достигнат врвот во работата се добри соработници со кои можат да одржуваат баланс, за да не се случи некој пех, бидејќи вниманието лесно им се дефокусира.
Премини на следната страна >>