Реклама
Нега и здравје

НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА СЕ НАМАЧКАТЕ: Така само ја уништувате моќта на кремите за сончање

Реклама

Кремите за сончање со заштитен фактор се важни за да ја заштитиме вашата кожа од штетните ефекти на сонцето за време на летните месеци.

Нанесуваме крема на кожата и излегуваме на сонце сигурни дека кремата ќе ја заврши добро својата работата. Но, постојат работи кои ги правиме погрешно со кремите за сончање и така производите стануваат помалку ефикасни, а неретко поради овие грешки на кожата и нанесуваме многу повеќе штета отколку корист.

Маркетинг

Не оставајте ја кремата на топли места

Обично ја чуваме кремата за сончање во нашата торба за плажа или во автомобилот цело време, наместо да ја чуваме на ладно место.

Маркетинг

„Ако ја оставате кремата за сончање на топли и светли места, ќе ја уништите нејзината ефикасност“, вели дерматологот Фредерик С. Брант. „Кога кремата се чува на висока температура, ефикасноста е намалена и производот станува помалку сигурен.“ Значи, ако сте на плажа, оставете ја кремата за сончање во сенка. Кога ќе се вратите дома, не ја оставајте в торба, на светла и топло место. „Ова е наједноставен начин да ја задржите нејзината ефикасност“, вели тој.

 

Не користете производот со изминат датум на важење

Таквиот производ е опасен, бидејќи не ја добивате заштитата што ја очекувате.

„Тоа не значи дека активните состојки веќе не дејствуваат откако изминал рокот на траење, но, сигурно дека повеќе ја немаат онаа моќ што ја имале“, вели дерматологот Пол Џарод Френк. Покрај тоа, самиот факт дека на кожата нанесувате крема со истечен рок, значи дека се изложувате на ризик, а за тоа воопшто нема потреба.

 

Намачкајте се пред изложување на сонце

Дерматолозите нагласуваат дека кремата за сончање треба да се нанесе барем најмалку 15 минути пред да ја изложите кожата на сонце.

„Кога сте надвор, постапката треба да се повторува на секои два часа. Доколку сте во вода подолго од 20 минути, кремата треба да ја нанесете на секое излагање од водата“, советуваат познатите дерматолози.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button