Подгответе се за бурен и возбудлив период, бидејќи токму тоа ни носи планетата Венера во соѕвездието на Близнаците, која ќе биде во таа позиција од 24 мај до 18 јуни!
Во текот на овој период, ќе бидеме особено расположени за флерт, со тоа што е навистина важно да го разграничиме токму тоа – што е безопасно флертување, а што е заљубеност, со кого сакаме авантура, а со кого сериозна врска. Акцентот особено ќе биде на комуникацијата, па со задоволство ќе муабетиме, ќе се допишуваме и ќе бидеме многу отворени кога станува збор за изразување на чувствата и намерите. Сепак, не дозволувајте сè да остане само на зборови! Ова е поволно време она што го зборуваме и да го спроведеме во дело, па затоа е добро да ги искористиме наредните денови.
Венера во Близнаците е детинеста, ѓаволеста, расположена за дружење, хумор и забава и тешко дека некој ќе биде во можност да одолее на ваквото ваше заразно расположение. Секој нов контакт за вас ќе биде многу интересен и во сè ќе гледате можност за љубов. Ако сте’зафатени’, ниту вас нема да ве одмине овој ентузијазам, па може дури и да побарате некоја занимација ’на страна’. Но, бидете внимателни и добро размислете што навистина сакате. Мал флерт не е достоен да ја изгубите вашата сериозна врска.
Премини на следната страна >>