Реклама
Шминка

Три нијанси на еден кармин кои морате да ги пробате оваа сезона

Реклама

Во ова видео што го подготвив за вас, сакам да ви покажам дека со еден тип шминка на очите можете да комбинирате различни бои на кармини и секој пат да добиете поинаков, но подеднакво убав и интересен изглед.

Тоа е она што најмногу го сакам кај карминот, тоа што го прави целиот изглед забавен а мене ме прави поинаква со секоја различна боја. Доколку сакам да ги акцентирам усните, секогаш се трудам очите да бидат дефинирани со туш во црна боја, малку сенка со која создавам длабочина и маскара која дава должина и волумен, додека карминот е оној кој го создава целиот изглед кој го одбирам зависно од моето расположение.

Маркетинг

Кликни тука и порачај Beauty Box со овие три кармини »

Маркетинг

Long Lasting хидратантните кармини на Radiant Professional Make Up доаѓаат во 28 совршени мат нијанси (сите нијанси можете да ги видите тука) кои не само што ви даваат прекрасна, кремаста, богата боја која е долготрајна туку и се грижат за вашите усни. Со својот едноставен, елегантен, издолжен и цилиндричен дизајн во црна боја не изгледаат како вашиот типичен кармин, затоа што не се. Лесно и рамномерно се нанесуваат, нудат висок степен на покривност во комбинација со долготрајност, а истовремено во себе содржат путер од диво, тропско манго кое се грижи и ги негува вашите усни и го спречува нивното сушење.

Кликни тука и порачај ги овие три нијанси по супер цена »

Јас ги имам во три нијанси: карминот со број 52, боја која е некоја интересна комбинација помеѓу портокалова и кафена, но не е целосно корална. Не знам конкретно како да ја објаснам оваа боја но од трите што ги имам, оваа ми е најомилена затоа што ми одговара со се, нежна е и природна; вториот кармин е со број 30 (распоредот е како на сликата!), боја која е совршена за оние кои сакаат летни, интересни, розеви усни кои привлекуваат внимание, додека третиот кармин е број 07, огнено црвена, наменет за моќни и храбри девојки.

{youtube}ByYbkCaR9O4{/youtube}

Велат дека дијамантите се најдобриот пријател на секоја жена. Јас со тоа не се согласувам. Јас мислам дека тоа е карминот. Затоа што со малку, ви дава многу. Ви дава поинаков изглед, полн со женственост, моќ и самодоверба. Доколку имате напорен ден, доколку не се чувствувате баш најдобро или доколку сакате да освоите нечиј поглед, одберете еден од многубројните Long Lasting хидратантните кармини на Radiant Professional Make Up, нанесете го на вашите усни и вие сте спремни да го освоите светот!

Автор: Александра Азманова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button