Реклама
Шминка

Ги пробавме моливчето и маскарата за веѓи од Radiant Professional и воодушевени сме!

Реклама

Рецензија на моливче и маскара за веѓи од Radiant Professional 

Тренд кој се уште владее во светот на шминката: убави, природни но дефинирани веѓи 

Маркетинг

Веѓите се природна рамка на лицето, но најчесто забораваме дека се дел од целата рутина на шминкање, а малото внимание кое им е потребно можат да го изменат целиот изглед. Времето на тенки и ретки веѓи беше заменет со трендот на истакнати и детално дефинирани веѓи кој започна со својата популарност на социјалната мрежа Инстаграм. Но, не сите се надарени со природни и густи веѓи па затоа можете слободно да побарате малку помош од декоративната козметика доколку сакате да го постигнете овој изглед. 

Маркетинг

За да ги имате совршените веѓи потребно е редовно да ги негувате и оформувате, но заборавете на нивното претерано истенчување и дозволете да го добијат својот природен изглед. Со соодветниот производ за веѓи следете ја природната линија и потенцирајте ја истата, а на оние места каде што недостасуваат влакненца, пополнете со нежно нанесување и ги добивате совршените веѓи кои одговараат на вашето лице, изгледаат убаво и допринесуваат кон целокупниот изглед на вашата шминка.

Powdery Brow Definer

Доколку прошетате низ нашите продавници за козметика ќе забележите дека производите наменети за веѓи ги има во различни форми, текстури и начини на нанесување. Најпознати се моливчињата, сенките и геловите. Кога сме на оваа тема, моливчето за веѓи Powdery Brow Definer од Radiant Professional Make Up ќе ви стане најдобар пријател затоа што ќе ви го даде оној природен изглед кој го посакувате без многу труд. Доаѓа во 6 нијанси, доволен избор за да ја одберете онаа која вас ви одговара најмногу и на едниот крај има практично чешелче кое ќе ви помогне да ги дефинирате веѓите пред и по нанесувањето на моливчето. Ова моливче не содржи масла и создава природен мат изглед. 

Brow Definer Fix & Color

Дополнително, доколку имате непослушни веѓи кои не сакаат да соработуваат со вас или сте ја промениле бојата на коса, користете го Brow Definer Fix & Color од Radiant Professional Make Up. Овој производ, кој доаѓа во четири нијанси, не само што им дава долготрајна, конкретно дефинирана форма и ги држи веѓите во место, тој им дава и убава боја! Прецизната четкичка ги достигнува и најмалите влакненца додека уникатната водоотпорна формула им го дава долготрајниот резултат на вашите веѓи. 

Тајната на убавите очи е убаво обликувани и природни веѓи кои се во хармонија со вашето лице. Дозволете овие производи од познатиот козметички бренд Radiant Professional да ви докажат дека со малку труд и време можете и вие да уживате во совршени веѓи кои ќе им дадат посебен акцент на вашето лице, очи и целокупна шминка!

Пишува: Александра Азамнова (Alekk Potter)
Фото: А.А.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button