Основата на овој парфем е јонска течност, што сама по себе нема мирис, но во комбинација со парфем произведува многу пријатни мирисни ноти.
Парфемот и потта не се најдобра комбинација, но токму со тоа експериментирале ирски научници од универзитетот во Белфаст и осмислиле парфем со кој колку повеќе се потите, толку поубаво мирисате. Основата на парфемот е јонска течност, што сама по себе нема мирис, но во комбинација со парфем производува пријатен мирис, особено кога ќе дојде во контакт со пот. Значи, како човек повеќе се поти, толку повеќе јонската течност испушта уште посилен пријатен мирис. Течноста ги разградува хемикалиите кои предизвикуваат непријатна миризба, што ја прави пожелна состојка и во дезодорансите.
Па, БРАВО за овие научници!