Шопинг

Костими за капење кои ова лето ќе ги носат светските трендсетерки

Advertisement

Ретро костимите се враќаат на голема врата и ова лето овие шик моделите ги носат имињата на најпознатите ИТ девојки како „Мира“ и „Попи“.

Advertisement

Станува збор за стејтмент костими за капење со потписот на стилистката Лиса Марија Фернандез која за оваа сезона ги претстави своите впечатливи модели кои преку ноќ ги освоија познатите трендсетерки. Еден од најубавите модели (Poppy) е крстен по познатата британска трендсетерка Попи Делевињ и ова лето ќе ги воодушеви љубителките на карираните дезени. Покрај овој модел вистински хит е и моделот Мира кој го доби своето име по Мирослава Дума, како и моделот „Dree Louise“ кој е направен од сјаен материјал и кој можете да ги носите како боди за долгите летни прошетки. Нејзината пријателка Лендра Медине пак, се појавува во lookbook-от и исто така има модел кој го носи нејзиното име.

Оваа година овој модел е во бебешка сина боја и со каро дезен. Инаку, костимите за капење со потписот на Лиса Марија Фернандез можете да ги пронајдете во сите поголеми интернет продавници за дизајнерска облека.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button