Мали, големи или средни, сите гради можат да бидат убави, но само ако не висат секоја на своја страна и не се косат со основното правило на симетријата.
Најинтересното нешто во целата работа со градите е во тоа што истите можеме и самите да ги „стегнеме“ и оформиме, и тоа без да направиме хируршка интервенција. Да, да, и ова е возможно, а се е што треба да направиме е да им посветиме по неколку минути внимание, но тоа да го правиме секој ден и неколку месеци по ред.
ВEЖБИ СО ЛАКТИТЕ
Поставете ги вашите раце на колковите и обидете се со лактите да се допрете зад грб. Со ова вие ќе ги истегнете сите мускули на вашето тело, а со тоа и сите оние делови кои што ги држат вашите гради. Повторете го ова неколку пати.
ПРИТИСКАЈ ГО ЅИДОТ
Поставете ги вашите дланки на ѕидот и притискајте со тежината на вашето тело како да сакате да го турнете ѕидот. Убаво би било кога би можеле во оваа положба да се задржете неколку секунди, а потоа да ја повторите вежбата уште неколку пати.
Премини на следната страна >>