Со овие дневни обврски ќе загубите и повеќе од 200 калории, а бидејќи повеќето ќе морате да ги одржувате, зошто не би го споиле пријатното со корисното?!
Без разлика на она што го кажуваат експертите за исхрана и вежби, слабеењето овие денови е потешко од било кога претходно. Не мамат и дразнат со разни слатки, имаме огромен избор на секаков вид храна и еден куп обврски, поради кои вежбањето воопшто не се ни наоѓа на листата на приоритети. Но одредени обврски и времето кое го поминуваме со најблиските и најмилите, може да се покажат како идеални за губење на калории, со само мала промена на стилот на живеење.
1. Наместо во петок навечер, напорната работна недела да ја завршувате со релаксација во барот, прво отидете на вежбање од пола час и потрошите 222 калории. После тоа со мирна душа, испијте чаша вино или пиво со пријателите. Според Alcohol Research Group, во една чаша вино (кое вообичаено се точи по угостителските објекти) се наоѓаат 29 калории.
2. Појадокот е важен и тоа сите го знаеме, но наместо колбаси, салами и пржена сланина, подобро одберете варени јајца и зеленчук и овошје. Верувајте дека колковите за ова ќе ви бидат најмногу благодарни.
3. Со танцување може да си го поправите расположението, но и да загубите многу калории. Пуштете ја омилената музика и денсајте 45 минути низ дома и ќе биде во минус од цели 284 калории.
Премини на следната страна >>