Ние ги обожаваме сите нијанси на жолта боја оваа сезона… Вие?
Покрај сината боја, која оваа сезона е популарна како на облека и модните додатоци, така и во светот на шминките, и жолтата е боја на која и треба да и посветиме посебно внимание ако сакаме да бидеме во тренд и оваа сезона.
Парчињата од кожа во жолта боја оваа сезона не се резервирани само за модните додатоци, туку и за едноставни минималистички мантили, какви што имавме прилика да ги видиме на ревиите на „Jil Sander“ и „Michael Kors“. Тие одлично се комбинираат со боја на лавандa, како и со другите пролетни пастелни нијанси, розовата, црвената и секако со неизбежната сина боја, а најмоќно изгледа во комбинација со црни или металик тонови, како и на пистата од пролетните колекции на модната куќа „Cavalli“.
Покрај пролетните парчиња од Cavalli, Proenza Schouler пак ни најавува дека оваа боја ќе биде еден од водечките трендови и во есенската сезона, што значи дека овие парчиња ќе можете да ги носите и следната сезона.
Jil Sander + Alberta Ferretti
Astibo
Кликни тука и види ја цената на оваа туника »
Токму затоа и нашите модни уредници ја подготвија галеријата која можете да ја отворите на крајот од овој текст и во која ќе ги најдете најубавите модели во оваа боја за пролет-лето 2016 од продавниците ширум Македонија.
Astibo
Кликни тука и види ја цената на овој преубав сет од Астибо, а ако сакаш да видиш и други модели во оваа боја, отвори ја галеријата. »
види повеќе » |