Шопингхоличарки, заборавате на топлите капути и погледнете ги најдобрите тексас јакни кои се совршени за пролетните и летни денови.
Новата сезона полека но сигурно зазема замав, па крајно време е и во нашите комбинации да влетаат некои старо-нови трендови. Тука пред се мислиме на преубавите тексас јакни кои се вистински хит оваа сезона.
Па, доколку бомбер јакните не се ваш избор или едноставно сакате да направите мала промена во вашиот стил, наш совет е да изберете тексас јакна инспирирана од стиловите од 80-тите и 90-тите и да изгледате како вистинска ИТ девојка. Доколку сакате можете да ги носите и под вашите бомер јакни (да, и овој тренд беше популарен во доцните 90-ти), но и во елегантни и кежуал комбинации, со фустани, здолништа и секако – со фармерки!
Сезонава можете да бидете и креативни па да ја украсите вашата текас јакна со беџови, налепници и слогани, или едноставно да изберете еден од моделите кои нашите уредници ги закачија во галеријата што следува.
види повеќе » |