При крајот на 18 век едно лондонско семејство се најде сред чудо кога најмалото дете одненадеж доби напад на незапирливо смеење. Произлезе дека во неговата чинија за појадок наместо шампињон по грешка се нашла „волшебна печурка“.
Кога во 16 век првите шпански истражувачи пристигнале во Средна Америка имаа прилика да присуствуваат на древни религиски обреди и да набљудуваат транс во кој паѓало домородното население. Тие од патувањата се враќале подготвени да ги споделат приказните за светот кој го посетиле, мудроста која ја дознале и пораките на боговите со кои во таквата состојба, можеле да стапат во врска.
Во книгата Историја на Индијанците од Нова Шпанија издадена во 1581 година, Шпанецот Дијего Дуран (1537-1588) пишува за печурки кои ацтешките шамани ги користеле подготвувајќи се за обредно крунисување на кралот Моктезуме Втори во 1502 година. На јазикот на Ацтеките, наватл, името на оваа магична печурка е теонанакати, што во превод значи „месо на боговите“.
Халуциногените печурки не беа единствената природна дрога која што древните средноамерикански култури ја користеле и покрај чии дејства се создавале. Сепак, многу научници и денес тврдат дека токму тие на Маите им ја пружиле подлогата на која ќе ги изградат првите идеи за бесконечноста на универзумот, новата митологија која наеднаш израснала од претходната мексиканска култура на народот Олмек, за галактичките процеси и движењето, и конечно, за првиот календар.
По поразот на Ацтеките шпанските конквистадори ги забрануваат верските обреди, како и употребата на било какви „пагански средства“, па така и „месото на боговите“ понатаму се користи само во тајност, далеку од сведоци.
Векови подоцна двајца Американци ќе допатуваат во Мексико да го задоволат своето љубопитство. Антропологот и етникологот Роберт Восон (1898 – 1986) и неговата сопруга Валентина (1901 – 1951) се првите западњаци кои учествувале во обредите со оброк во вид на неколку грама суви печурки за кои домородното население верувале дека имаат магиски својства. Тие беа на гости кај Марија Сабина (1894 – 1985) која ќе стане позната како прва припадничка на својот народ која парче од оваа богата култура ќе ја сподели со развиениот западен свет.
Оваа приказна за прв пат во јавноста ќе се појави во 1957 година и тоа во американскиот магазин „Life“. Покрај впечатоците, овие двајца со себе во Америка ќе понесат и примероци од ова растение кои подоцна ќе ги испитува швајцарскиот научник Алберт Хофман (1906 – 2008), во целиот свет познат како таткото на ЛСД. Тоа беше првото испитување на оваа магична печурка во лабораториски услови. Тогаш беше издвоена главната состојка која овие печурки се разликуваа од оние кои ги јаделе Американите за појадок во својот омлет – псилоцин/псилоцибин, природно соединение по структура многу слично на серотонин, попознат како „хормон на среќата“. Од тука тие и го добиле името Psilocybe mexicana.
Инспириран од текстот кој го прочитал во познатиот американски неделник, психологот Тимоти Лири (1920 – 1996) станува следниот во низата љубопитни научници кои во потрага по мистериозните печурки заминуваат во Мексико. Запрепастен од проживеаното искуство, Лири по враќањето во Америка го основа „Проектот псилоцибин“ на Харвард, истражувајќи ги халуциногените дроги и испитувајќи ги на студенти – доброволци. Три години подоцна добива отказ на универзитетот, па ентузијастички започнува да ги промовира овие „луди“ печурки во широките народни маси, од кои подоцна ќе се развие хипи-културата. Благодарение на своето влијание и незапирливата желба да ги запознае луѓето со психоделичните искуства какви и самиот ги проживеал, Лири во 60-тите и 70-тите години на 20 век ќе биде уапсен безброј пати. Но, и покрај тоа, тој успева во својата намера. Откако во својата книга ќе објави дека седумдесет и пет проценти од триста доброволци кои го пробале псилоцибинот (претежно студенти и професори од Харвард) го оцениле искуството како поучно и просветлувачко, па остатокот од светот, првенствено припадниците на хипи движењето, посакаа да се запознаат со овие чудесни халуциногени печурки.
Според археолошките истражувања Ацтеките не биле првите кои ја откриле моќта на илузијата предизвикана со псилоцибин. Во северна Африка, на територијата на денешен Алжир, пронајдени се камени плочи со цртежи кои укажуваат на тоа дека и праисториските луѓе од периодот на мезолитот го искусиле дејството на халуциногените печурки.
Денес овие печурки растат во мал број на сите континенти, додека најмногу (53 од 200 видови) се уште во Мексико. Во сува состојба се забранети дури и во Холандија, позната по слободната продажба на психоактивни и халуциногени супстанци, додека во некои држави, како што е Австрија, тие се дозволени во свеж облик.
Причината поради која нивната продажба е забранета многу подоцна во однос на останатите видови опијати (во споменатата Холандија беа на легалниот пазар до 2008 година) е затоа што биле забележани само два случаи на предозираност со нивна употреба. Оваа состојба е утврдена и откако студиите спроведени во Велика Британија докажаа дека меѓу сите психоактивни супстанци во широка употреба, вклучувајќи го тука и тутунот и алкохолот, халуциногените печурки нанесуваат најмалку штета на организмот, како и тоа дека не предизвикуваат физичка зависност.
Сепак, постои причина поради која власите и во најслободоумните држави ја забранија нивната употреба и продажба. Иако, дрвните шамани во нив ги нашле своите богови и смислата на постоењето, влијанието кое овие печурки го имаат на свеста може да има опасни последици и се манифестира во облик на паника, напад на анксиозност или тага.
Американската влада во 2006 година финансиски овозможи истражување кое се занимаваше со влијанието и последиците на псилоцибинот кое покажа колку свеста на модерните човечки суштества многу малку се разликува од онаа на луѓето кои чекореле по оваа планета пред повеќе илјадници години. Триесет и шест образовани луѓе, најмногу во средни години или нешто помлади, се согласиле под контролирани услови да употребуваат просечна доза од два до три грама од оваа супстанца. По осум часа, колку што обично трае дејството, две третини од учесниците во експериментот го оцениле доживеаното искуство како најзначаен духовен момент во нивниот живот.
{youtube}vIm6yJGjgEM{/youtube}
Кога на овие луѓе им беше поставено истото прашање, два месеци подоцна, дури 79 отсто укажале дека споменатите осум часови имале огромно влијание на нивниот живот и поглед на светот и дека нивната лична благосостојба и односот кон околината се променила за многу на подобро.
Но, осуммина од учесниците не поминале кон духовното освестување, туку низ агонија – тие чувствувале страв, проследен со напад на паника и параноја.
На овој начин е потврдено дека влијанието на псилоцибинот на човекот е потполно индивидуално и различно, во зависност од моменталното расположение на корисникот, опкружување и личните или туѓи сугестии. Од чувствување на вртоглавица, еуфорија, радост, до депресија и рамнодушност, корисниците најчесто се согласуваат за една работа – порано или подоцна, се појавува употребата за самоиспитување на ниво на свеста поинаква од вообичаеното. Така многумина ќе посегнат и за огледало.
Средбата сами со себе под дејство на псилоцибин е многу разнолико, повторно во зависност од самопочитта и самодовербата која што ја има дадената личност. Додека некои се гледале себеси како дете, другите посакале да се ракуваат со својот одраз во огледалото, задоволни што „ова и она јас“ се во така добри односи, додека на некои им растеле рогови и им излегувале разно-разни инсекти од ушите и носот. Вакви или слични илузии се многу чести и можат да бидат измешани со реалноста, кога и доаѓа до чувство на страв и еуфорија.
Инаку, Лири и Восон не биле единствените кои ја посетиле Марија Сабина барајќи одговори на животните прашање. Кога нејзиното име станало популарно, како единствена можна врска со древната филозофија на Средна Америка, десетици луѓе го пронашле својот пат до Сијера Мазатеке на југот во Мексико, гратчето во кое оваа шаманка го поминала целиот свој живот, а меѓу нив и познатата рок ѕвезда Џон Ленон, Боб Дилан и Мик Џегер.
Но, во еден момент работите отишле предалеку. Гласовите за Марија Сабина се раширила многу подалеку од селото во кое живеела. На тоа реагирале властите на Соединетите Американски Држави и во 1968 година го забраниле одгледувањето и консумирањето на псилоцибинските печурки. Бесни поради тоа што Марија направила мал пазар со опијати во нивното скромно опкружување, продавајќи ги домашните специјалитети на странци, мештаните и следбениците ја запалиле нејзината куќа. Иако лабораториските откритија кои се засноваат на испитувањето на магичните печурки допринеле за науката, разбирањето на човечкиот ум и чувството на блискост со старите предци, нивната популаризација доведе до изместено користење и употреба на истите. Како што, веќе во стари години, кажала и самата Марија Сабина, каејќи се поради својот удел во тоа, „печурките требале да бидат дар на природата, која ни ги има подарено како ние би ја разбрале неа. Нашите стари ги користеле во медицински и верски цели, како би го славеле и сфатиле животот. Денес, западните трагачи за печурките се во потрага по привремено, лично задоволство. А тоа секако не е причината за нивното постоење“.