Ако порано важеше правилото дека тексас со тексас не треба да се носи, денес ова правило не само што не важи, туку овие комбинации се еден од водечките трендови за оваа сезона.
Да, да.. добро слушнавте! Тексасот е во мода и сега слободно можете да го носите од глава до пети, а доколку во гардероберот немате парчиња со кои би можеле да го пробате овој тренд, можеби крајно време е оваа сезона да се подновите со некое стејтмент парче. Мислиме на тексас кошулите кои веќе неколку сезони се задолжително парче во плакарите на модно освестените жени, но и на преубавите фустани и здолништа направени од овој материјал кој едноставно никогаш не излегува од мода.
Што се однесува до фармерките кои важат за клучни парчиња кога е тексасот во прашање, оваа сезона во мода се boyfriend моделите, како и моделите со висок струк. А ако сакате да изгледате како вистинска ИТ девојка, тогаш набавете широк ¾ модел со непорабени рабови кои се апсолутен хит меѓу најпознатите светски модни блогерки (или евентуално ѕвонарки со висок струк). Но кај 3/4 моделите треба да бидете внимателни затоа што не се лесни за комбинирање, но добрата работа е што денес, во време на социјалните мрежи, во секое време можете да најдете по некоја комбинација која би можеле да ја позајмите.
Па, отворете ја галеријата и погледнете ги омилените парчиња на нашите модни уредници кога е овој тренди материјал во прашање
види повеќе » |