Најпрво манекенките и моделите со малку поголеми пропорции ја освоија модната сцена, а сега дојде редот и на мажите кои не ги задоволуваат „нормите“.
Имено, откако од пред неколку години плус-сајз манекенките и моделите станаа задолжителен дел од модната индустрија, беше само прашање на време кога овој тренд ќе се пренесе и меѓу манекените кои ја промовираат машката облека.
Па така познатата модна агенција „IMG Models“ неодамна ја основа и својата нова дивизија наречена „Brawn“ во чиј склоп е претставен машкиот модел Зак Мико кој полека но сигурно станува симбол на едно ново движење во индустријата.
Тој нема спортско тело ниту пак изгледа како античка статуа, туку изгледа како и секој нормален здрав маж со шармантен изглед. Какао манекен спаѓа во категоријата „dad bod“ кои се разликуваат од стереотипот кој сме навикнати да го гледаме на пистите кога се претставниците на посилниот пол во прашање.
Но, тоа не значи дека мажи со овие пропорции не изгледаат привлечно, нели?! Впрочем, исто е и со претставничките на понежниот пол …
Денешните модели или се преслаби (какви што се моделите на „Saint Laurent“ ) или пак имаат тело како вистински спортисти какви што најчесто гледаме на пистите на модните ревии на „Armani“ и „Versace“. Но, Зак не влегува во ниту една од овие категории…
Неговата приказна е сосема поинаква, а доколку го следиме примерот со плус сајз манекенките, убедени сме дека наскоро се почесто ќе гледаме кампањи на познатите брендови и со неговите колеги од дивизијата „Brawn“.
Што мислите вие?
Фото: IMG Models