Реклама
Кафе муабет

Актерка ослабе 30 килограми – Кога откри како, јавноста остана без зборови (ФОТО)

Реклама

Актерката и комичарката Мелиса Мекарти никогаш не била слабичка, туку отсекогаш била горда на своите облини и малиот вишок килограми.

Но, поради нездравиот начин на живот, со многу брза храна, малку вежбање, прејадување и нередовни оброци, ситуацијата излегла од контрола и Мелиса се поправила цели 30 килограми. А со новите килограми се појавија и новите проблеми – почна да добива се помалку понуди за улоги, имаше проблеми да најде гардероба која ќе може да ја носи, а врвот на се беше кога за доделувањето на Оскарите во 2013 година ниту еден познат дизајнер не сакаше да носи облека со неговиот потпис.

Маркетинг

Можеби помисливте дека во тој момент се случил пресвртниот момент, дека нешто се прекршило и дека започнала со диета и почнала да вежба. Но, наместо тоа, Мелиса во рок од две години изгуби 30 килограми, а кога го откри начинот како успеала во тоа, никој не можеше да верува!
Имено, според неа, за губењето на вишокот е заслужен – досадниот живот.

Маркетинг

„Досадниот живот е животот без брза храна. Не работиш ништо забавно, си легнуваш во 8 и пол, па немаш можност да се прејадеш во доцните ноќни часови“ открива Мелиса. Откако ослабела понудите повторно почнале да пристигаат, а една од нив дошла и со услов, за акционерскиот филм Шпионка за кој морала да почне да вежба и да ослабне уште малку. 

Но, благодарение на тоа, оваа мајка на две деца конечно се откажа од брзата храна, особено од пржената храна и сега редовно вежба. Таа се приклучи и на фондациите за борба против дијабетисот, а колку е горда на самата себеси и на својот изглед зборува и тоа што насмевката никогаш не ја трга од лицето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button