Класичната бела маица е нешто што секоја од нас го има во свите плакари…
Иако може да се носи и комбинира во текот на цела година, пролетта и доаѓањето на топлите денови посебно не инспирира да им се вратиме на класичните бели маици. Можеме да ги носиме слоевито, во комбинација со блузи и капути или пак, со фармерки, шик здолништа и кожени јакни како би го постигнале оној препознатлив шмек на познатите ИТ девојки. Тие одлично се комбинираат и со луксузини детали, но и слоевито под фустани и блузи и со мала доза на креативност можат да се претворат во потполно шик парче.
Па, доколку ви е потребна инспирација или едноставно се двоумите како да ги носите, погледнете ги овие одлични идеи кои ги позајмивме од модните блогерки. И секако, на крајот од текстот не заборавајте да ја отворите галеријата и да ги погледнете најдобрите модели од најпознатите брендови на нашите ИТ девојки.
види повеќе » |