Астрологијата е неминовна кога станува збор за љубовта, работата, здравјето… Но, таа стапува на сцена и во однос на модата и со проучување на секој хороскопски знак добиваме список на скапоцени камења, односно накит, соодветен на психолошки карактеристики. Дознајте што вам најмногу ви одговара според ѕвездите
Грејс Кели, принцезата од Монако – симбол на грациозност, елегантност…
Овен: Според сите правила на хороскопот, Овенот го штитат: циркон, дијамант, злато и рубин. Кога одите на деловен состанок вашите шанси за успех и среќа може да се зголемат и со тиркиз, оникс, аквамарин и топаз. За романтични средби исклучиво бирајте лапис лазули, бисер или сребрен накит. Би требало да носите, главно, нараквици од сребро.
Бик: Сака накит, иако Бикот делува ‘раскошно’ и без него. Емералдот и жадот најмногу одговараат. Ќе може другите да ги убедувате во што сакате доколку носите темни тонови црвен накит и понекој гранит, ама розенкварцот може да си го ‘одигра’ своето. Секогаш е време за впечатливи обетки и за големи шноли во косата со многу штрас.
Близнаци: Нивната младешки природа сака нежни тонови на накит. Топазот сосема одговара, ама не би било лошо да ја користите магичната моќ на зеленкастиот тиркиз на тајни љубовни средби и оној со повеќе примеси на сини тонови за бизнис состаноци. Ќе бидете поубедливи во наплата на долгови или во заведување со ѓердан од корали.
Рак: Нему му одговара сребрен накит и накит во сини тонови. Сепак, ако одите на деловен состанок, златна нараквица ќе ви донесе повеќе успех, особено во комбинација со слонова коска, или комбинација од бело и жолто злато. Ако имате намера да заведете некого кој има врска со странство, ставете било какво парче накит од малахит или гранит.
Лав: Нему му одговара златен накит, дијаманти, рубини. Тоа е и ваш избор! Но, планетите во одредени периоди ви ‘одредуваат’ да ја зголемите вашата интуиција со накит од бакар, сребро или платина. Детали од зелен турмалин и тиркиз или прстен со син сафир може да направат чуда, особено во тајните љубовни авантури и особено ако сте (несоодветно за вашиот знак) во врска со Рак или Бик.
Девица: Нејзе ù одговараат малахит и топаз. Меѓутоа, кога Сатурн е во вашиот знак, прстен со камен од црн оникс или гранит ќе ги привлече погледите на спротивниот пол. Жолт сафир или смарагден прстен може да ја привлече личноста која ви се допаѓа и која патува често од местото во кое живеете.
Вага: Розовиот турмалин и александрит ви даваат енергија и потребен шарм, енергетски ве полнат. Секој накит со зеленкасти и розеви тонови ја засилуваат вашата харизма. Ако одите на деловни состаноци, слободно ставете прстен од црвен спинал или бакарна нараквица, а за вечерни излегувања привезок со тиркиз или жад. Може и имитација.
Шкорпија: Црниот бисер, па дури и со црн чипкан фустан, одлична одговара. Делувате неодоливо со накит од платина, хематит или прстен со рубин. За промена, добредојден е ѓердан од сребро и прстен со аквамарин. Тогаш машките попрво би се осмелиле да ви пријдат.
Стрелец: Смарагдот и сафирот се омилени скапоцени камења, а може и замена со накит изработен од слонова коска. Совршено би ви одговарала и имитација на овој накит, како и прстен од цитрин, особено за бизнис разговори, а ќе ви донесе и среќа кога се во прашање се парите. За романтични средби, задолжително носете прстен со брилијанти.
Јарец: Сака тиркиз, гранит, оникс, но за заведување носете малахит или жад, било кој детал или имитација на овој камен, но во секој случај во зелена боја. Жадот ви помага во контактите со странци. За романтични средби слободно носете црвен турмалин или вештачки бисер, ќе делувате ‘попитомо’ со него. За деловни состаноци носете парчиња накит со било каков вид полускапоцени камења со виолетова боја.
Водолија: Омилен накит се гломазните нараквици, може и од алпака сребро или тигриво око, полускапоцени камења и обично бираат тиркиз. Може и имитација, и тоа во форма на големи приврзоци, по можност во форма на скарабеј. Ориенталните огрлици во форма на сребрени приврзоци ќе ви го подигнат моралот и доброто расположение. Навечер, слободно одберете корали.
Риби: Вашата нежна природа обично сака аквамарин, аметист и бисер и слободно може да го носите тој накит со бројни сребрени ѓердани и нараквици. Во суштина треба да се ориентирате на ѓердани со акцент на зелени тонови, како што е зелениот или виолетовиот турмалин. Посветете посебно внимание на чевли со штрас или украс во подигнатата коса во темновиолетова боја.
Не пропуштајте да прочитајте што ви прогнозираат ѕвездите за 2016 година, а што за месец март. Оние кои сакаат да дознаат повеќе за парите, нека кликнат тука.